3 модни комбинации на Џенифер Лопез од 1990-тите кои се актуелни и денес

Како ви се допаѓаат?

Џенифер Лопез важеше за трендсетерка во 1990-тите, а истата титула ја носи и денес

Иако Џенифер Лопез за многумина е синоним за максимализам и гламур од 2000-тите, таа создавала вистинска модна магија една деценија порано. Кога светот допрва се запознаваше со девојката од Бронкс, таа уште тогаш ги испишуваше правилата на минимализмот, кои денес, три децении подоцна, повторно ги гледаме на улиците и пистите. Модата од 1990-тите и 2000-тите дефинитивно се врати, што значи дека време е за минимализам, гранџ-естетика, спуштени фармерки и кратки маички. Сè е во знакот на лежерното.

Во продолжение, се потсетуваме на три изданија на Џенифер Лопез од 1990-тите кои и денес, и тоа како, се релевантни, а може да ви послужат како одлична инспирација.

1. Леопардски капут и база

Животинскиот дезен годинава повторно е прогласен за новата црна, но Џенифер уште во 1990-тите знаела како да го „скроти“. Нејзината формула била хируршки прецизна: впечатлив леопардски капут како апсолутен центар на вниманието, додека преостанатиот ансамбл бил сведен на нула. Носела обични фармерки и црна ролка, без накит.

Пристапот „еден силен акцент на смирена база“, денес повторно го гледаме кај трендсетерките како Елза Хоск, што само потврдува дека добрата „винтиџ“ инспирација е вечна.

2. Кожен „бомбер“ и макси-здолниште

Кожената бомбер-јакна моментално е едно од најбараните парчиња сезонава, но начинот на кој Џенифер Лопез ја носела во 1990-тите и понатаму е незаменлив.

Наместо очекуваниот спортски изглед, таа ја комбинирала со женствено, тесно макси-здолниште кое ја следи линијата на телото. Тој контраст помеѓу робусна кожа и елегантна силуета создава ефект што е истовремено дрзок и префинет. Комбинација на која модниот свет и денес не може да ѝ одолее.

3. Минимализам без шум

Во ерата пред да почне да претерува со модните додатоци, Џенифер често одбирала неутрални тонови и чисти линии. Тој тивок луксуз на 1990-тите, кој се потпирал на совршен крој и мирни бои, денес е одговор на потребата на современите жени за удобност и естетика што не е нападна. Едноставните силуети без вишок детали се покажаа како најотпорниот тренд кој не старее.

Модата од 1990-тите е темел на стилот што и денес се враќа во својата најчиста форма. Џенифер Лопез тогаш поставувала трендови кои и денес го доживуваат своето враќање. Тоа е само чист доказ за моќта на нејзиниот стил!

ФОТО: Инстаграм, Пинтерест

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе