100 години ја немаше на црвениот килим, но сега е официјално: Таа е божица на модата!

Како ви се допаѓа?

Долго време ја немавме видено на црвениот килим

Амал Клуни уште еднаш објаснила зошто е божица на гламурот. На доделувањето награди на фондацијата на принцот Чарлс во Лондон, таа се појавила во фустан кој е вистински летен сон.

Познатата адвокатка за човечки права изгледала прекрасно во тоалета без прерамки со раскошен цветен дезен.

И покрај тоа што носењето цветен дезен во текот на летото не е ништо револуционерно, станува збор за модна класика со која навистина нема грешка.

Амал го надополнила својот разигран фустан со елегантни бели модни додатоци – бела „клач“ чанта и бели салонки. Секако, и со црвен кармин.

Интересно е што на црвениот килим ја понела својата мајка, која исто така блескала во бел комплет.

Амал има долгогодишна соработка со фондацијата на принц Чарлс, заедно со својот сопруг Џорџ.

Фондацијата во 2019 година покренала нова глобална награда што ги слави достигнувањата на инспиративните млади жени ширум светот. Наградата „Амал Клуни“ ја слави работата на младите жени што успеале да направат промена во своите заедници, а Амал лично ги одбира победничките.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.