10 трикови за да изгледате како кралици и по напорен ден

Скоро сите се согласуваат дека Италијанките се едни од најубавите жени во светот.

Неретко тие се и модна инспирација за многумина, а тајните за нивниот изглед не се ништо комплицирано.

Како да изгледате како кралици и по напорен ден?

Преферирајте природен изглед на веѓите

Италијанките ја ценат природната убавина и не го менуваат обликот на нивните природни веѓи.

Некои ги отстрануваат влакненцата што стрчат, но никако не ја менуваат формата.

Им даваат предност на црните хулахопки

Во топлите денови, Италијанките воопшто не носат хулахопки.

Кога, пак, е постудено, им даваат предност на црните.

Белата маичка е дел од сечиј гардеробер

Навистина можете да направите безброј комбинации со бела маичка.

Ова едноставно парче облека можете да го носите со здолништа, фармерки, костими…

Не штедат на убава долна облека

Италијанките сакаат убава и квалитетна долна облека, па никогаш не штедат на неа.

Веројатно и самите имате забележано дека дури и кога не планирате некој да ја види, убавата долна облека ви ја зголемува самодовербата.

Носат црно и во лето

Обично во летните месеци сите преферираме посветли бои.

Но, Италијанките неретко ги комбинираат светлите парчиња со црни чанти, чевли, па дури и чизми.

Носат штикли и со лежерни комбинации

Секако, удобноста е најважна, но Италијанките сакаат да ги надополнуваат лежерните комбинации со штикли.

Нема потреба да носите многу високи штикли – и оние со мала потпетица (кои се мошне удобни) можат да направат голема разлика.

Марамата им е омилен моден детаљ

Марамата не е само за на вратот – можете да ја закачите на чантата, да ја носите како колан, да ја ставите на главата…

Сакаат светки, но секогаш се умерени

Светкавата облека може да изгледа одлично, а Италијанките многу добро го знаат тоа.

Но, тие знаат и дека треба да бидат умерени – ако носите едно парче со светки и слични детали, останатиот дел од аутфитот треба да биде минималистички.

Користат маслиново масло за нега

Маслиновото масло е богато со витамин Е, па може да биде одлично за вашата кожа, особено на деловите каде што е многу сува, како лактите.

Мало количество маслиново масло е одлично и за испуканите врвови на косата.

Ако, пак, имате многу сува коса, еден час пред да ја измиете, ставете ѝ маслиново масло.

Преферираат минималистички маникир

Италијанките му даваат предност на минималистичкиот, еднобоен маникир, најчесто со неутрални бои.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.