„Адор Голд“ со уникатна ревија го претставија својот накит во рамки на Саемот за венчавки

Свадбена бајка проткаена со гламурозен накит низ призмата на најдобрите

Секој накит има своја приказна, посебност и убавина, па токму според таа девиза се води и „Адор Голд“ кои веќе се години се стационирани на врвот, а накитот кој што тие го изработуваат е најбаран, но и најоригинален

Со уникатна, ескцентрична и необична ревија, во рамки на овогодинешното издание на Саемот за венчавки, златарницата „Адор Голд“ ја претстави својата нова колекција на накит. Истата, наиде на воодушевување од страна на присутните, а на пистата покрај стандардните младоженици, продефилираа и деверуши, но и свекрва кои се дел од секоја свадбена церемонија.

Сопствениците на „Адор Голд“, брачниот пар Елза и Енди Аџија не го криеа задоволството од сработеното и истакнаа дека се пресреќни што по втор пат се дел од овој реномиран настан.

Ова е наше второ учество на саемот, нашиот штанд е еден од најпосетените, интересот е голем и навистина ни значи тоа. Долго време работевме на ревијата, околу шест месеци траеа подготовките и сакавме да направиме нешто поразлично и креативно, истакнаа Елза и Енди.

Посебно внимание привлече и манененката Викторија Јаначковиќ која беше дел од ревијата и притоа истакна дека во својата колекција на накит се наоѓаат исклучиво парчиња од „Адор Голд“.

Отсекогаш сум била љубител на накит и морам да потенцирам дека носам парчиња само до Адор Голд, го знаат мојот вкус и секогаш кога ќе отидам во нивната продавница наоѓам нешто за себе, рече манекенката.

Секој накит има своја приказна, посебност и убавина, па токму според таа девиза се води и „Адор Голд“ кои веќе се години се стационирани на врвот, а накитот кој што тие го изработуваат е најбаран, но и најоригинален.

Заштитно лице, пак, на „Адор Голд“ од изминатта година е водителката Лила Филиповска која имаше само пофални зборови за овој накит.

Соработката со „Адор Голд“ трае веќе една година,јас носам накит, вкусовите ни се поклопија, но и размислувањата во однос на работата. Бирам со кого ќе работам, а штом сум ги избрала „Адор Голд“, тоа значи и дека се најдобри, додаде Лила која на ревијата се појави облечена во долга црна тоалета која ја надополни со прстени од новата колекција на „Адор Голд“.

Се што е квалитетно и оригинално е со долг рок на траење! Потврда, приказната на „Адор Голд“ која што датира од далечната 1978 година! Кога мислам на злато и накит, мислам на „Адор Голд!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.