20 совети од најголемата модна икона: „Внимателно со оригиналноста, да не заличите на маскенбал!“

Совети на жената што ја создаде модата

Коко Шанел немала влакна на јазикот кога била модната критика во прашање

Модата била нејзин свет, а светот станал мал за модата што ја донела познатата Коко Шанел, жена со истанчен и авангарден стил, вкус и визија, која се одликувала со духовитост и многу специфичен поглед кон светот, особено кон модниот.

Била и останала ценета дизајнерка, но и многу повеќе од тоа, жена што на модата и стилот им дала нова уметничка димензија, па дури и филозофски поглед кон истите тие.

За себе знаела „скромно“ да каже: „Јас не создавам мода, јас сум мода“ и можеби е единствената личност на светот што имала потполно право навистина да го изговори тоа.

Она што го мислела, тоа и го говорела, а нејзините зборови со текот на времето добиле форма на неприкосновени цитати и совети за модата, кои секоја жена со стил би требало да ги прочита.

Еве како размислувала Коко Шанел…

1. „Жената облечена во светло, тешко може да се доведе до лошо расположение.“

2. „Тантела – најубава имитација на природната фантазија. А бисерот секогаш е добредојден.“

3. „На 20 години жената го има она лице што ѝ го подарила природата, на 30 – она што го создала самата таа, а на 40 – она што го заслужува.“

4. „Рацете се визитна карта на жената, вратот е нејзина лична карта, а градите – нејзин пасош.“

5. „Годините не се најважни за жените: таа може да биде убава на 20 години, шармантна на 40 и да остане неодолива до крајот на својот живот.“

6. „Парфем – тоа невидлив, незаборавен, ненадминлив моден детаљ. Тој е гласник на жените и нејзин потсетник, каде и да оди.“

7. „Најдобриот моден детаљ за жените е згодниот маж.“

8. „Ништо не ја старее жената така како што многу скапиот костим го прави тоа.“

9. „’Кога треба да се става парфем?’ – прашува младата жената. ’Кога ќе сакаш да бидеш бакната’ – велам јас.“

10. „Жената што не користи шминка има превисоко мислење за себе.“

11. „Убавината останува, а симпатичниот изглед исчезнува. Но жените никако не тежнеат кон тоа да останат убави, тие сакаат да останат симпатични.“

12. „Кога работите кај жената тргнуваат наопаку, таа знае дека мора да изгледа поубаво.“

13. „Се смета дека луксузот е спротивност на сиромаштијата. Не, луксузот е спротивност на вулгарноста.“

14. „Луѓето со добар вкус носат бижутерија. Сите останати мораат да носат злато.“

15. „Не обидувајте се да се подмладувате, на 50 години никој веќе не е млад. Но познавам многу 50-годишнички кои изгледаат многу попривлечно од младите недотерани жени.“

16. „Главното нешто кај жената не е нејзината облека, туку убавите манири и мудроста.“

17. „Слобода – тоа секогаш е модерно.“

18. „Само младите жените можат да си дозволат да создаваат сопствена мода. Зрелите и повозрасните жени треба да следат класична мода.“

19. „Негата на убавината треба да почнува од срцето и душата, инаку никаква шминка нема да помогне.“

20. „Внимателно со оригиналноста – кај женската мода, оригиналноста може да доведе до маскенбал.“

Чарлс Буковски: „Интелигенцијата предизвикува тага – колку повеќе работи знаеш, толку повеќе посакуваш никогаш да не си ги дознал!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.