Живејте лесно и уживајте во секој летен миг: Јунскиот број на „Убавина и здравје“ носи инспирација за најубавото лето

„Убавина и здравје“ и овој месец им останува верен придружник на своите читатели, нудејќи им содржини што инспирираат, мотивираат и поттикнуваат на поголема грижа за себе, за здравјето и за квалитетот на животот. Списанието е создадено токму за оние драгоцени мигови кога одвојуваме време само за себе – со филџан кафе, на плажа, на тераса или во мирот на летниот одмор.

Летото е време кога најмногу копнееме по моменти за себе, по мир, инспирација и мали радости што го прават секојдневието поубаво. Токму таква е и пораката што ја носи јунскиот број на списанието „Убавина и здравје“, кој пристигнува под мотото „Живеј лесно“ – како потсетник дека најубавите летни спомени не се создаваат само за време на годишниот одмор, туку во секој ден исполнет со внимание кон себе и кон животот.

Главната и одговорна уредничка Јована Стојменовиќ во својата порака до читателите посакува едно поинакво лето – исполнето со мир, радост и свесно уживање во секој ден. Токму затоа, јунскиот број не е само уште едно списание, туку потсетник дека среќата најчесто се крие во едноставните нешта.

Редакцијата и овојпат подготви богата содржина исполнета со инспиративни личности, актуелни трендови, корисни совети за убавина и здравје, модни предлози и животни приказни кои оставаат впечаток.

На насловната страница се наоѓа Аделина Ибраими – жена која со години успешно ја гради својата приказна, а во ексклузивното интервју говори за визијата, вредностите и убавината што доаѓа од самодовербата и автентичноста.

Во рубриката „У&З жени“, читателите ќе ја запознаат и Наташа Велковска, која открива како понекогаш човек не го наоѓа своето место, туку сам го создава, а заменик-уредничката Марија Лукаревска во својата колумна на темата #самогрижа зборува за важноста на посветеноста кон себе во современото секојдневие.

Љубителите на актуелните трендови ќе откријат зошто ретро-естетиката повторно е во фокусот, што претставува новиот метод „Помодоро 2.0“, како изгледаат популарните „лимончело“ нокти и зошто сè повеќе луѓе избираат таканаречен „поспан туризам“ како начин за вистински одмор и регенерација.

Посебно внимание е посветено на летната нега на кожата и косата. Експертските текстови откриваат како сонцето остава траги што не се забележуваат веднаш, зошто кожата ги памети сончевите зраци, што треба да знаете за хиперпигментациите и дамките на лицето, како и дали брзото потемнување навистина е добра идеја.

Не е заборавена ниту косата, која во текот на летото бара дополнителна заштита и нега.

Во делот посветен на модата, главните ѕвезди на сезоната се очилата за сонце и костимите за капење, со предлози кои ќе им помогнат на читателите да го пронајдат својот совршен летен стил.

Рубриката „Душа и тело“ носи интересни теми за емоционалната и физичката благосостојба, меѓу кои и текстот „Љубов на прв тон“, како и објаснување на поимот коморбидитет и неговото значење за здравјето.

Во делот „Живот“, читателите ќе уживаат во инспиративната планинарска приказна на Даница Стојановска, ќе откријат зошто аперитивото станува нов омилен летен ритуал и ќе добијат корисни совети за функционална исхрана на домашните миленици.

Со богата содржина, позитивна енергија и внимателно избрани теми, јунскиот број на „Убавина и здравје“ е создаден за сите оние кои сакаат да живеат поквалитетно, посвесно и со повеќе уживање во секој ден. Затоа, ова лето нека не помине во брзање и исчекување.

Отворете го новиот број, пронајдете инспирација и создадете свои ритуали за убавина, здравје и среќа.

Препуштете ѝ се на летната магија, создајте свои ритуали за уживање и дозволете „Убавина и здравје“ да биде дел од вашето најубаво летно патување.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе