Запролети! Време е да го купите новиот број на „Убавина и здравје“!

А во него ќе читате...

Овој број го работевме под блесокот на првите топли и сончеви денови, поради што бевме полни со некоја нова енергија и инспирација.

Верувам дека тоа се забележува и од оваа моја прва полупоетска реченица. Но она што сепак е поочигледно, е фотопоезијата на нашата насловна страница. „Фешн груп“ ќе ја дочека пролетта со возбудлива модна кампања, креирана по светски стандарди, а регионално популарните инфлуенсерки Дуња и Сара со својата харизма и посебност придонесоа вистински да уживаме во концептот што обединува – пролет, убавина, мода, патувања и чувство на слобода и среќа (стр. 54)!

Фото: Мирко Табашевиќ

Сите сме согласни дека целиот изминат период придонесе да ги цениме убавите нешта, кои пред пандемијата ги земавме здраво за готово или како да ни следуваат. Позитивните лекции се научени, па време е и секој да направи понекоја мала промена, која можеби ќе придонесе за промени на поширок план, затоа ве каниме во акцијата – заедно за спас на планетата (стр. 90).

Секоја животна ситуација склопена во приказна е на некој начин и лекција. Некои приказни се толку посебни не само поради искреноста или важноста на темата, туку и поради чувството на ослободување што доаѓа откако ќе ги раскажеш или откако ќе ги прочиташ. Таква приказна ни раскажа Никица Ацева (стр. 28), а нејзината победа е за почит и веруваме дека ќе биде инспирација за вас.

Љубов. Веќе се навикнавте дека ние во „Убавина“ не можеме без неа. Многумина ќе кажат дека тоа не е нивна тема, ќе кажат и дека не се тинејџери, или дека за нив тоа е поглавје што е веќе кристално јасно, бидејќи се во многу долга врска или брак. Е, ако и вие сте од таа група, овој пат ви се обраќаме токму вам! Ако е кристално јасно, не значи дека треба да биде неинтересно.

Да се сетиме на возбудата од почетокот на врската и да ја оживееме. Време е да се исклучи функцијата „автопилот“ (стр. 78)! Пред да запролети, Лила пролета. Буквално! И тоа во шарен балон на магично изгрејсонце (стр. 85). А нѐ поведе и нас на нејзиното патување во Кападокија.

Се надеваме дека во деновите пред нас ќе уживате на отворено, полни со енергија ќе истражувате убави локации на кои не сте биле во нашата земја и не заборавјте, земете нѐ со вас! Се потрудивме повторно да бидеме ваше добро друштво.

Ве сакаме!

Ваша Јована Стојменовиќ

Фото: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.