Во продажба е октомвриската „Убавина и здравје“: Симпатична…

Писмо на уредничката

Не знам како е кај вас, но во последно време сè почесто слушам јавни негативни коментари што се однесуваат на физичкиот изглед на жените, на јавните личности, на инфлуенсерките, и тоа на сметка на возраста …

Знам, можеби се повторувам, затоа што во минатиот број пишував токму на тема „осуда“ врз основа на физичкиот изглед, но очигледно дека ова ми пречи повеќе одошто мислев, можеби затоа што е јавно… Не станува збор за појава која се актуализира кај нас, токму спротивното, „ејџизмот“ е присутен насекаде и не се однесува само на дискриминација по основа на физичкиот изглед.

Но, со оглед на фактот дека голем број жени што во ерата на социјални мрежи се цел на навредливи коментари, овде се фокусирам на тој аспект.

И можам да кажам дека од нив единствено што може да се заклучи е дека на луѓето не може да им се удоволи. Дел се противници на естетските зафати и приврзаници на „достоинствено стареење“, додека другите се огорчени на тоа што жени си дозволуваат да се појавуваат без испеглани брчки или, пак, сиве овие години не ги „залепиле ушите“.

Она што ме загрижува, спротивно на мислењето на поединци – не се моите години, сите ние, ако имаме среќа, ќе старееме и ќе остариме, вклучувајќи ги и коментаторите – од тоа нема бегање, туку фактот што ваквите коментари не се сметаат за грубост, невоспитување или, во најмала рака, за непримерно однесување, кое би требало да биде осудено.

На насловната страница на нашиот октомвриски број имаме 4 прекрасни дами, кои Fashion Group ги вклопи во својата нова енергична кампања за новата модна есен. Носителки на круни и признанија за својата убавина, која ја негуваат и години по понесувањето на своите титули за убавина. Ако ме прашувате мене, тие се доказ дека убавината се трансформира, но во нешто уште поубаво од претходното. Затоа што со годините зрелоста и самодовербата, покрај сè друго, се гледаат и на лицето и се неверојатно привлечни. Но, и ако не ме прашувате, ете, јас си кажав.

Да ги почитуваме и цениме различностите и да се инспирираме од позитивните примери за сопствен раст. А ќе кажам и дека ејџизмот веројатно е дете на негативизмот, а единствено нешто што што никако не е убаво е негативноста.

Луѓето природно бегаат од неа. Ако сме позитивни, веројатно сме барем симпатични, ако не и многу убави.  Тоа е нешто на што ме научија годините. (стр. 67)

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, ви ги претставуваме содржините во октомврискиот број на најтиражното списание за жени.

УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ

ОКТОМВРИ 2021

У&З тренд

13 Ментален фитнес

14 Омилениот џемпер сезонава

16 Есенски коктел

18 Панделки во косата

20 Чорапи со придобивки

22 Вкусот на есента

24 Совршено место за уживање

26 Паметна технологија во служба на здравјето

Приказна од насловната страница

28 Модата се промени, моќта остана иста

Бидете единствени

38 Есен на ноктите

42 Октомвриски фаворити за шминка

48 Стоп за темните кругови околу очите

54 Разговор за убавината со Милена Косиќ

Мода

58 Клучни есенски парчиња

62 Гучиманија

64 Модна приказна на Linea

66 Модна листа на Ана Даја Гри

Бидете вити и здрави

67 Учиме за себе низ годините

76 Водич за исхрана во секоја деценија од животот

78 Силата на природата

79 Вашата нова рутина за истегнување

82 Како танцувањето хипхоп влијае врз развојот на телото?

У&З животен стил

84 Моќта на деталите во домот

90 Виолетова: симбол на кралско достоинство

92 Дизајн: Паметен кревет

94 Уредување на бањата

100 Рецепти за топли оброци на лажица

108 Како се хранам: Мила Ниновска

110 Владислав Илиќ – имигрантот што го освои Лондон

112 Чек-листа на Теа Беговска

114 Што ве прави среќни: Сара Јо

Колумни

36 Марија Лукаревска: Трач-партија

НА НАСЛОВНАТА:

Татјана Стојановска, Светлана Црнокрак, Вера Мештеровиќ и Ана Биновска-Кочовска за Fashion Group

ФОТО: БОЈАН СТОИЛКОВСКИ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.