Во продажба е декемврискиот број на „Убавина и здравје“

Писмо на уредничката

Денес некој првпат се соочува со симптоми на коронавирусот, друг закрепнува од болеста, трет се подготвува за сосема поинаков пречек на Нова година, некој силно стравува за свој близок, а некој, за жал, во овој момент и силно тагува… Прекуноќ сфативме колку сме ние луѓето фрагилни, наспроти верувањата во нашата надмоќ во природата.

Сите едвај чекаме да ја испратиме старата година, да замине сѐ неубаво што ја обележи и да си се вратиме на старо. А тоа старо – е тоа е сосема друга приказна, која немаме толку простор да ја анализираме, но верувам дека секој поединечно за себе може да го направи тоа и да пребара што беше толку добро.

Имам некое претчувство дека заминувањето на оваа година, овој пат навистина ќе донесе една НОВА година, во вистинската смисла на зборот. Сите нови години досега беа бројки, а новините во нив траеја колку и прославата.

Ова претчувство не се должи само на личните емоции туку и на сето она што го истражувавме обидувајќи се да ѕирнеме во иднината, на здравјето (стр. 67), на животниот стил (стр. 98 и стр. 108). Претчувство или можеби само НАДЕЖ, или можеби е и ЖЕЛБА, но и надежта и желбите се суштината на пречекот на новата година. Ајде сите ЗАЕДНО да посакаме најубави желби, но овој пат не само за себе и своите туку за сите НАС! Да ни биде ДОБРО! Во сево ова сме заедно и исти. Можеби тоа е лекцијата…

ВЕ САКАМЕ!

Ваша Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.