Во продажба е априлскиот број на „Убавина и здравје“: Здраво!

Ни дојде зелениот април, во кој го славиме Денот на планетата, па ние во редакцијата се инспириравме да го обележиме овој ден со препорака во животниот стил да вклучиме и повеќе контакт со природата. Со порастот на дневните температури, освен што ќе се „капеме“ во сончева светлина, препораката е да испробаме и „шумска бања“.

Не знам дали сте го сретнале овој термин досега, но веќе и научните истражувања го потврдуваат позитивното влијание што шумата го има на човековото здравје и благосостојба (стр. 76).

Ако не сте тип што редовно шета на Водно, а не оди дури ниту во Градскиот парк, веројатно сте се прашале од каде пасијата на вашите пријатели речиси секоја недела со нетрпение да очекуваат можност да минат време меѓу дрвјата.

Науката тврди дека многу видови дрвја, вклучувајќи бор, тис, хмељ, габер, испуштаат биохемикалии наречени фитоноциди, кои комуницираат со нашиот централен нервен систем и имаат смирувачки, анестетички, па дури и антиканцерогени својства, па веројатно редовните посетители на шумите се „навлекле“ на овие позитивни ефекти.

Затоа вреди да го испробате ова задоволство, па да заклучите дали и вам еднакво ќе ви годи. На крајот на краиштата, не ве чини ништо.

А кога сме кај цената на нештата, знаеме дека шопингот е исто така своевидна терапија за повеќето од нас, па и во овој број побарајте ги сите новитети и препораки за производите што би можеле да го комплетираат чувството на задоволство овој месец.

Ако купувањето ви претставува проблем поради финансиската состојба во која се наоѓате, пополнете го тестот и откријте колку сте „фин-фит“ и како би можеле да ја подобрите ситуацијата (стр. 78).

Кога сме веќе кај кондицијата, пролетта е крајно време кога треба да се активираме и да поработиме на проектот „тело за плажа“, а во тоа ќе ви помогнат резултатите од истражувањата за поефикасно тренирање и за градење мускули и обликување на телото (стр. 53).

Побарајте и многу други приказни, совети и трендови низ априлските страници, а ние ви закажуваме средба во мај – роденден ни е!

Ве сакаме!

Јована Стојменовиќ, главна уредничка на „Убавина и здравје“

А еве што ќе читате во новиот број:

У&З тренд
19 Терапија со звук
20 Како да носите портокалова?
22 Хит-рецепт
24 Метаверзум и фитнес?
26 Диета „обилен појадок“
28 ЗОО-тренинг

Бидете единствени
32 Пролетен извештај
34 Моќта на пилинзите
38 Силата на пептидите
40 Разговор за убавината со Бубе Јаневска

Мода
45 Нов бизнис-изглед
46 Во фокусот: Чевли и чанти
48 Заземи поза: Модниот свет на фотографот Мартин Трајановски
52 Урбан изглед на Мартина Трајковска

Бидете вити и здрави
53 Наука за силата
62 Што е АТГ-систем на вежбање?
64 Прстен за пилатес: реквизит што ќе го сакате!
65 Внесете добросостојба во вашиот дом
66 Дали може да се разболите од грижи?
68 Што треба да знаете за раната менопауза?
72 Пет мита за алергиите

У&З животен стил
76 Шумата навистина лекува
78 Во каква фин-форма сте?
84 Тестенини во поздрави варијанти
92 Чек-листа на Јон Ајди
94 Јована Трајковска одговара на прашањето што ве прави среќни

Колумни
30 Марија Лукаревска: Работа под притисок

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.