Во јунскиот број на „Убавина и здравје“ ќе читате: „Време за промени“

Лелеав јунски број

Фото: Андреја Дамњановиќ

Па, никогаш не се знае, можеби тие ќе донесат и промени во нас

Време за промени е темата на овој наш лелеав јунски број. Знам, веќе ви здодеа да читате препораки и повици на промени во нас самите, кога околу нас ништо не се менува онака како што би сакале ние.

Вистината е дека секое време е добро да придонесеме за промените во нас, па и ова лето.

Токму тоа е филозофијата на промените однатре – да не зависиме од времето и околината, која многу често го условува нашето чувство на среќа. Суштината на овие учења е дека сѐ ни се случува со причина, или сме го предизвикале или ни следува, односно тоа се тие животни лекции што ќе поттикнат промени во нас самите (стр. 58).

Според истите тие учења, нема бегање од тоа, односно колку и да одбиваме да се промениме, пред сѐ поради убедувањата дека сѐ правиме исправно, повторно ќе бидеме ставени на тест или тоа би било – втора, трета шанса за промената во нас што треба да се случи.

Не секому му се блиски филозофските учења за животните лекции, па затоа решение за проблемот со случувањата околу нас и во нас побаравме во книга на психотерапевтка, која низ свој пример ни помага да ги надминеме „животните кризи“, односно да се подготвиме и да им одиме во пресрет на промените што доаѓаат со секоја животна доба (стр. 55).

И нашата девојка од насловната, Емина, зборува на оваа тема (стр. 26), а промени веројатно би ни донело и прифаќањето на дуалната природа на животот и свесноста за нештата, за кои пишува Марија (стр. 32).

На крајот, иако се потребни и напор и потење, можеби полесно од внатрешните ќе ги постигнеме посакуваните промени надворешно (стр. 62 и 64).

Па, никогаш не се знае, можеби тие ќе донесат и промени во нас. Се разбира, промените во контекст на модерна шминка и фризура воопшто не ги доведуваме во прашање (стр. 33).

За некои работи јас себеси се прашувам „кога ли ќе научам“, и така знам дека треба да променам нешто, кај себе, не околу себе. Е, сега, прашањето е како? Но сѐ додека барам одговор, постои можност да го најдам. Во спротивно, знам дека сигурно ќе повторам – кога ли ќе научам…

Јована Стојменовиќ, главна и одговорона уредничка на „Убавина и здравје“

На насловната: Емина Јаховиќ Фото: Андреја Дамњановиќ
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.