Во априлскиот број на „Убавина и здравје“: Уметноста на чекањето

Вашата нова #Убавина!

Фото: Мирко Табашевиќ

Вашиот потсетник да им се радуваме на малите нешта што го прават животот поубав – секогаш. Со секој примерок испробајте:
🍊🍊🍊Дневен крем за лице со витамин Ц на Bioten Makedonija✔️
❄️❄️❄️ Ладен гел за ослободување од болка #icepower на Еурофарм Аптеки✔️

Дали научивме да чекаме? Изминатава година времето како да застана, всушност тоа секогаш неумоливо си тече, ние сме надвор од него или во тајмаут.

Од една неверојатна трка со него, се префрливме во состојба во која постојано нешто чекаме. Чекаме во редови, што е изненадувачки за нашата прекуред-култура, чекаме вакцини, чекаме добри вести, чекаме добри времиња… Текстот продолжува по огласот…

Иако можеби и нѐ изненади трпението што го демонстриравме во овој изминат период, се чини дека на моменти го губиме. Но трпението се дефинира како способност за чекање, дури и како моќ, па ајде да не дозволуваме да ја загубиме. Уште еднаш да се обидеме да пронајдеме „уметност во чекањето“.

Еден минхенски истражувач на времето рекол дека чекањето е изгубено време, но тоа само затоа што во западната култура времето се пресметува во пари.

Дали секој од нас може да каже дека чекањето го чини многу пари? Или можеби и ни заштедува нешто? Ако веруваме дека сакаме самите да го организираме своето време, тогаш да не чекаме, туку да правиме други нешта, поинакви од оние на кои сега чекаме. Сето она што не можеме да го правиме кога „немаме доволно време“.

НА НАСЛОВНАТА
МОДЕЛ: Вања Ненадиќ;
ФОТО: Мирко Табашевиќ (@Mirko Tabasevic);

Ако и не успеваме на чекањето да гледаме како на подарено време, тогаш барем да не заборавиме – зошто сево ова? За нас.

Пролетта секогаш нѐ потсетува дека животот се состои од промени, кои доаѓаат во циклуси. Вистина, овој циклус е многу подолг од оние што сме ги исчекале, но долгото чекање го засилува чувството на задоволство кога нешто ќе се дочека.

Здраво пролет, преубава си, донеси ни и други убави нешта, предолго ни недостигаат.

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Фото: Спасе Јовановски

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време