„Убавина & здравје“ одбележува 18 години: Јубилеј на промени, раст и инспирација

Мај 2026 година носи посебна симболика за списанието „Убавина & здравје“ – месецот во кој природата е во својот најраголем раскош, но и месецот во кој оваа медиумска приказна го одбележува својот 18-годишен јубилеј.

Полнолетството на овој бренд, кој повеќе од една и пол деценија ја гради културата на убавина, здравје и свесно живеење, доаѓа со импресивна бројка од 202 објавени броеви и повеќе од 1.200.000 отпечатени примероци.

Од писмото на уредничката Јована Стојменовиќ јасно се чита благодарноста кон читателите, но и свеста дека зад секоја страница стои континуитет, посветеност и постојано приспособување на времето кое се менува со забрзано темпо. „Убавина & здравје“ денес не се гледа само како списание, туку како долгорочна платформа која низ години успеала да допре до илјадници животи и да пренесе вредности што се надминуваат со трендовите.

Јубилеј посветен на промената

Роденденскиот мајски број е концептуално посветен на една од најуниверзалните, но и најлични теми – промената. Во фокусот е идејата дека трансформацијата не е момент, туку процес: тивок, често незабележлив, кој се случува во навиките, мислите и изборите, сè додека еден ден не станеме свесни дека повеќе не сме истите луѓе.

Уредничкиот концепт ја истакнува промената како природна сила на созревање – понекогаш поттикната од луѓето, понекогаш од времето, но најчесто од сопствените искуства. Во таа динамика се раѓа нова перспектива: способноста да се расте, да се редефинира себеси и да се откријат нови, досега непознати верзии од сопствениот идентитет.

Гласови на трансформацијата

Во рамките на јубилејното издание, темата на промената е обработена и преку разговори со личности од јавниот живот, кои низ свои лични приказни откриваат различни форми на трансформација – тивки, суптилни, но и гласни и радикални. Од кариера и успех, до личен развој и нови животни фази, секоја приказна носи сопствена перспектива за тоа што значи да се менуваш во свет кој постојано се движи.

Пораката што се издвојува низ сите овие приказни е јасна: најголемата сила не е во тоа да останеме исти, туку да научиме како достоинствено да се менуваме.

Содржина што го следи духот на времето

Јубилејниот број нуди и богата уредничка структура, која ја опфаќа современата естетика и животен стил низ повеќе сегменти – од мода и убавина, до ментално здравје и личен развој.

Во модниот дел се анализираат нови насоки и инспирации, од „ширинјоку“ како концепт на поврзување со природата, до сезонски стилски пресврти и трендови инспирирани од медитеранската естетика.

Сегментот посветен на убавина носи фокус на косата како симбол на идентитет и грижа, новите техники на надградба, современите рутини за нега и професионалните пристапи во шминката, додека рубриката „Душа и тело“ отвора прашања за интимната нега, внатрешната сила, отпорноста и психолошките концепти на контрола и рамнотежа.

Животниот дел од изданието дополнително ја заокружува темата на трансформацијата, преку приказни за постоење, позитивни навики и свесен пристап кон здравиот начин на живот.

Списание кое расте со својата публика

Во својата јубилејна порака, уредништвото на „Убавина & здравје“ нагласува дека најголемата вредност на списанието се неговите читатели – заедница која расте, се менува и останува верна низ годините. Токму таа релација, изградена на доверба и континуитет, е основата врз која се гради секој нов број.

„Убавина & здравје“ денес не слави само бројка, туку процес – 18 години постоење исполнети со промени, раст и постојана потрага по убавината на животот во сите нејзини форми.

И како што симболично порачува овој мајски број: во свет што постојано се менува, најголемата вредност е да се научиме како да растеме со него.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе