„Убавина&здравје“: 200 броја инспирација за жените – нови трендови и приказни што ве мотивираат

Новото мартовско издание на „Убавина&здравје“ ве носи во свет полн со стил, убавина и самопочитување – и тоа не случајно. Како што пишува уредничката Јована Стојменовиќ во својата колумна: „Заедно со вас, најубавите страници сè уште се пред нас. За следните 200!“

Во овој број ве очекуваат:

  • Инспиративни приказни со жени кои се примери за сила, посветеност и успех, како Искра Ветаџокоска, Лила Филиповска, Викторија Лоба и Катарина Ивановска.

  • Модни и убавински трендови што ја обележуваат пролетта – од боите на сезоната и јапонскиот боб, до велнесмаксинг и жешкиот пилатес.

  • Практични совети за здравје и грижа за себе, од решенија за сув скалп, до идеи за чиста и валкана храна и клекнувања за тело и ум.

  • Малку инспирација за секојдневието: вечера за една, женска сила во книжевноста, како и позитивни мали ритуали што ја подобруваат секоја недела.

Со секој број, „Убавина&здравје“ продолжува да создава семејство од читателки кои се инспирираат, се грижат за себе и ги следат новите трендови, без разлика дали станува збор за мода, убавина или личен развој.

Побарајте го мартовското издание на трафиките и дозволете му на вашиот ритуал на читање да ве освежи и мотивира – бидејќи најубавите страници сè уште се пред нас!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе