Поглед наназад, чекор нанапред: „Убавина&здравје“ ја заокружува годината со стил, визија и инспирација

Крајот на годината секогаш носи потреба од ретроспектива, но и желба за нов почеток. Токму во тој дух е создаден новиот двоброј „Убавина&здравје“ (декември 2025 / јануари 2026) – издание што со еден поглед се навраќа на највпечатливите моменти, а со друг храбро чекори кон иднината.

Водени од идејата дека крајот на една година не е само сумирање, туку и поставување насоки, редакцијата овојпат носи уникатна модна ретроспектива на најсилните моменти во последните 25 години.

Во фокусот е иконичниот моден спектакл на Џенифер Лопез на доделувањето на греми-наградите во 2000 година – зелениот фустан од Версаче што не само што ја промени модата, туку и ја испиша историјата на интернетот, поттикнувајќи го создавањето на Google Images. Момент што ја одбележа цела ера – и заслужено добива посебно место во ова издание.

Но новиот број не застанува само на ретроспектива. Напротив – тој е вистински празничен водич за стил, убавина, здравје и инспирација, создаден за уживање во последните денови од годината и првите чекори во новата.

Трендови, визии и нови цели

Во рубриката „Во тренд“ ве очекуваат модни и животни инспирации – од бордо чизми како апсолутен „must-have“, преку редефинирање на празничното дарување, до новогодишни цели, велнес-правилото 5-3-1 и револуционерни пристапи во дијагностиката.

Хороскопскиот дел носи астролошка прогноза за 2026 година, додека модата и убавината добиваат своја силна наративна линија преку теми за парфеми, нега, нокти на новата сезона и борбата против губењето на косата.

Жените што инспирираат

Посебно место во изданието имаат инспиративните жени во рубриката „У&З жени“. На насловната страница блеска Љупка Митрова, жената зад постмодернистичката елеганција, фотографирана од Бојан Стоилковски. Нејзината приказна ја отвора серијата интервјуа со жени и личности што оставаат трага – меѓу нив Елена Најдоски, Жана Базби, Марија Лукаревска, како и „Мажот во фокусот“ – Ненад Пантовиќ.

Живот, душа и тело

Од теми за ментално и физичко здравје, нови фитнес-цели и велосипедизмот како нов тренд, до инспиративни патувања, филмски листи за нов почеток и впечатливи животни приказни – двобројот нуди содржина што се чита полека, со уживање.

Финалето е резервирано за настанот Influencer Awards 2025 – незаборавна забава под маски, како симболично затворање на една динамична година.

Издание создадено за празнично уживање

Со овој двоброј, „Убавина&здравје“ уште еднаш ја потврдува својата позиција како највлијателен медиумски бренд од областа на животниот стил, нудејќи содржини што информираат, инспирираат и создаваат чувство на заедништво со читателите.

Новата година започнува со визија, стил и надеж – а следниот број на списанието излегува во февруари.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе