Октомвриско издание на „Убавина & здравје“: Теми за кои е важно да се зборува

Октомври е посебен месец во нашата редакција, а новиот број на Убавина & Здравје доаѓа со содржини кои се кулминација на годишните активности и подготвките за женската конференција „Профемина 2025“. „Затоа што е важно!“, ни порачува главната и одговорна уредничка, Јована Стојменовиќ.

Во ова издание, темите кои ги отвораме се токму оние за кои жените треба да зборуваат:

  • Стоп за фемицидите – како да ја заштитиме жената и да препознаеме ризични ситуации (стр. 68).

  • Психолошка манипулација – како да ја откриете и заштитите сопствената емоционална слобода (стр. 38).

  • Партнерологија – зрело сакање, препознавање на емоциите и одржување на страста во врската (стр. 72).

  • Здравје на дојките – навремено откривање на промени и превенција (стр. 64).

Новиот број исто така нуди инспирација и практични совети во областа на модата и убавината:

  • Есенски хитови и трендови за шминка и нега (стр. 13-22).

  • Најдобрите серуми за лице и лични совети од експерти (стр. 44-50).

  • Миланската мода и сезонски принтови (стр. 54-56).

За љубителите на културата и животниот стил, тука се и:

  • Емотивни приказни и патувања („Сама во Кореја“, „Лов на бисери“) (стр. 74-80).

  • Месечни настани и позитивни приказни (стр. 87-90).

На насловната на октомвриското издание е Кејт Бланшет, кралица на црвениот килим и актерка со мисија, со ексклузивна фотосесија од Getty Images Entertainment.

Придружете ни се и откријте ги темите за кои е важно да се зборува, инспирирајте се и надоградете го својот животен стил со совети, приказни и трендови кои го обликуваат современото женско искуство.

Следниот број излегува во ноември – бидете први кои ќе го дознаат и ќе уживаат во новите содржини!

Фото: Getty Images Entertainment

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе