Во рубриката „Во тренд“, откриваме каде се среќаваат класиката и модерното, зошто одеднаш сите зборуваат за бромелаин, и зошто е време да ги заборавите качкетите. Откриваме и кое е хит-руменилото што ја освојува сезоната – „зашеќерено јаболко“, како и новата варијација на популарниот боб. Тука се и биоразградливите вештачки нокти и мирисите што носат морска свежина – совршен вовед во пролетта.
Во фокусот на рубриката „У&З жени“ се силни, автентични личности кои оставаат трага. Проф. д-р Викторија Трајков зборува за новата енергија на женското лидерство, Ленче Карпузовска открива како стратегијата и интуицијата одат рака под рака, а Наташа Денковска Бојковски потсетува дека вистинската моќ лежи во вредностите. Во машки агол, Дарко Гелев Брејк е ставен „во фокус“, додека Марија Лукаревска нè води кон својата „конечна дестинација“.
Љубителите на убавината ќе уживаат во темите „Директно од пистите“, каде трендовите стануваат реалност, како и во анализата за ретинолот – состојка која повторно е „во игра“. Совети за негувани краеви, длабинска регенерација и искрената исповед на Наталија Терзија за тоа што (не) сака кај себе – ја заокружуваат оваа инспиративна целина.
Во делот „Мода“, откриваме што навистина кажува вашиот стил преку модната психологија, како и најновите пролетни модни трендови за 2026 година.
Рубриката „Душа & тело“ отвора важни теми – од правото на мирување, до ослободување од табуа, со пораката дека секој оргазам вреди.
А во „Живот“, патуваме до Талин – град со силна женска енергија, ги издвојуваме ѕвездите од супермаркетите, се враќаме кон вкусот на домот и ги запознаваме милениците кои стануваат вистински ѕвезди. Секако, тука е и традиционалната „Позитива на месецот“ – за мал потсетник дека убавината е во малите нешта.
На насловната страница е проф. д-р Викторија Трајков – симбол на современото, самоуверено и влијателно женско лидерство.
Побарајте го априлскиот број на „Убавина & здравје“ – веќе е во продажба!
Следниот број излегува во мај.
Текст: Убавина и здравје