Новиот број на „Убавина и здравје“ е во продажба!

Нови теми, нови правила во љубовта и сексот, нови модни концепти...

Во последно време стивна интересот за вестите поврзани со новиот вирус, а луѓето со радост го дочекаа олеснувањето на превентивните мерки. Се очекуваат нови укинувања на забраните, за угостителските објекти, за патувањата…, а се донесуваат нови пропишани модели на однесување со кои луѓето би се заштитиле. Сепак, ризикот не е исчезнат, само она што беше забрането, сега стана пропишано. За многумина ова е доволно да почувствуваат олеснување, среќа, да почувствуваат дека им е вратена слободата во која уживале пред сево ова. Но за еден голем дел од луѓето, неизвесноста останува, особено поради предупредувањата за нов бран наесен. Од друга страна, неизвесноста раѓа страв, па многу наши пријатели, колеги, соседи остануваат под напад на силно чувство на страв, кој им го уништува мирот и предизвикува последици. А ако потрае, стравот може да влијае и на здравјето. Не случајно нашиот народ кажал дека стравот лозје чува. Секако дека кога не би постоел тој, многу полесно би биле поразени од нештата што нѐ загрозуваат. Но во оваа модерна доба, стравот е тој што сѐ почесто ги поразува луѓето отколку другите непријатели. Затоа сѐ поголем број луѓе имаат потреба од утеха, поддршка и охрабрување, наспроти оние на кои понекогаш е корисно да им се заузди смелоста. Причина за страв има, но нема причина стравот да уништува здрави луѓе. На нашите читателки што во овие мигови не се чувствуваат толку храбро им порачуваме дека стравот од страдање е полош од самата болка, затоа ослободете се од него! Можете! Ако не од прва, некој нареден пат. Само не предавајте се! Во многу ситуации вербата во добар исход се покажала како чудотворен лек. А ние веруваме дека нашите шарени страници и овој пат ќе бидат и ваша поддршка, оддишка и убаво поминато време што сте го резервирале за себе.

https://www.instagram.com/p/CApoAyZHI99/?utm_source=ig_web_copy_link

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.