НА КАУЧОТ: Ни пристигна ноемврискиот број на „Убавина и здравје“

#онаштонавистинаеважно

Во новата „Убавина“ ќе читате…

Брачната терапија е табу за наши услови, но што кога сами би се обиделе да направиме анализа на она што навистина се случува во нашите долги врски? Зошто кога постои љубовта меѓу нас доаѓа до конфликти?

Велат, јазикот на љубовта е универзален, но стручњаците издвојуваат дури пет јазици на љубовта. Добрата вест е што не ни се туѓи. Напротив, на сите ни се познати. Прашањето е колку сме подготвени да ги „зборуваме“.

За почеток да ги дефинираме, а со преостанатите совети што ви ги обезбедивме во темата на бројот веруваме дека секој од нас може да направи своја верзија на терапија за врската, и тоа на домашниот кауч. Без оглед дали сме во долга врска или во брак, потребно е да го негуваме односот што толку ни значи.

Во денешно време, бракот и не е задолжително рецептот за „среќни до крајот на животот“, во тоа се увери и нашето лице од насловната страница. Наташа Беквалац денес се колне дека никогаш повеќе нема да се омажи, но трите минати искуства не направија да ја загуби вербата во љубовта или квалитетен партнер.

Иако каучот е одлично место за терапија и релаксација, а кога сме кај партнерските односи и за некои други нешта, не е добро да минуваме премногу време во хоризонтала. Затоа и во овој број нема да изостане нашата постојана фитнес-мотивација. Овој пат доаѓа во форма на осум фитнес-лекции што со нас ги споделија нашите експерти во оваа област.

По вежбањето, да се вратиме на каучот и да мечтаеме. Да погледнеме во иднината со затворени очи. Да размислуваме каде, како и со кого би сакале да се видиме себеси идната година, за пет години или во подалечната иднина. Да создадеме јасна слика, која ќе ни биде мотив за наредната година, која наскоро ни доаѓа…

Вашиот удобен кауч е местото во кое можете да уживате и во миговите резервирани само за себе. А ние, среќни сме ако и „Убавина & здравје“ е дел од тие бесценети мигови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.