Излезе мартовската „Убавина и здравје“ – ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: „Мојата борба против ракот“

Не пропуштајте!

Во продажба е новиот број на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“ во кој, меѓу другите содржини, ќе имате можност да ја прочитате искрената исповед на популарната водителка Лила Филиповска, која првпат јавно зборува за својата борба против канцерот на дојка.

Мартовското издание на „Убавина“ секогаш им го посветуваме на силните жени, жени кои се борат и за нив „откажувањето не е опција“. А таква е Лила. Ја познавам многу долго и уживам во нејзиниот позитивен дух и смисла за хумор, кои таа одбра да ја води низ животот, па и во најтешките ситуации, а, за жал, имаше такви…

Среќна сум што мојата другарка ја сподели својата приказна за борбата со канцерот токму со вас, нашите читатели, затоа што знам дека тој нејзин дух и начин на постапување ќе ви даде ветер во грбот за што и да ви е потребен. Можеби за да ги промените нештата на кои непотребно губите енергија или да се борите паметно за сè што ви е значајно и важно.

Намерно кажав паметно, затоа што силата не е секогаш решение за добивање битки, и, всушност, најголемата сила се крие во умот. Затоа, да ги земеме нештата во свои раце и паметно да се избориме за секое наше право овој март. Универзално право на секоја жена е правото да биде среќна!

Ако не можете сами, побарајте помош, мислам дека тоа паметно.

Јована Стојменовиќ, главна уредничка на „Убавина и здравје“

На насловната страница: Лила Филиповска

Фотографија: Дарио Јанковиќ

Стајлинг и шминка: Лидија Перчинкова

Фризура: Зоки Давитков

Креативно водство: Спасе Јовановски

Накит: Адор голд

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.