Еден месец држев диета…

И… загубив цели 30 дена!

Овој месец #ubavinaizdravje ве потсетува на убавината на движењето! Имаме нов проект – враќање на старата врвна форма, која ни остана како драг спомен, заедно со сите крпчиња што некогаш беа сукња или шорц, а сега се грижливо спакувани и чекаат некоја нова сезона, која никако да дојде, или некој со нив брише прашина! Знаеме како одат работите, едни поради бременост, други поради семеен живот, трети поради обврски, четврти поради уживање, прекумерно, сите имаме некакво оправдување зошто сокриваме повеќе или помалку килограми под „eсенскиот моден рестарт“ 

Сѐ можам да разберам и да прифатам како причина освен онаа што најчесто ја слушам:

Годините се во прашање, едноставно сѐ се лепи!

Да, а?! А како не ѝ се лепи на Кејт Хадсон, на нејзините 39 години, или на Џенифер Лопез, која наполни 49?! Одговорот е на страниците во рубриката „Во фокусот“, и тој не гласи – „тие се ѕвезди“. Ви ги откриме омилените фитнес-рутини на некои од ѕвездите чии тела предизвикуваат фосхит.

Вистина е дека во телото доаѓа до низа промени својствени за годините што минуваат, но тие промени не подразбираат и правопропорционален пораст на килограмите. Она што сигурно правопропорционално расте со годините се часовите во седечка и лежечка позиција, а и изедените чинии, и тоа, за жал, најчесто само во еден оброк. Кога имавме 18 години не запиравме, постојано бевме активни и трчавме по нешто или, пак, по некого… Тешко дека некој од нас тогаш јадел „за да не се фрли“ или со задоволство одел во кафеанче со пријатели и дремел со часови по семејни прослави или пред телевизор со мезе. Е, затоа направивме наш заеднички план!

„Утре е утрото кое ќе смени сѐ“ 

Дали сте размислувале како би изгледал вашиот идеален ден? Оној по кој ќе се чувствувате
задоволно и исполнето! Доколку сакате секој ден да ви биде таков, почнете од – утрото!

Со наша помош направете ја „утринската листа“, а викендов и рецептите за детоксикација кои ви ги обезбедивме во соработка со нашата стручна соработничка, нутриционистката Цвета Динева.

Најважното – обезбедивме мотивација преку нашите фит-соговорнички, практикуваат различни форми на активен живот, а резултатите се очигледни. Кога ќе ги почувствувате благодатите на вежбањето, тоа засекогаш ќе стане дел од вашето секојдневие. Или, можеби ќе се присетите на тие благодети кои исчезнаа заедно со вашето време за вежбање! 

Ако ви треба дополнителен стимул, заследете ги женските фит-гуруа на Инстаграм кои ви ги предложивме во нашите „Белешки на редакцијата“. Но, ако отсегогаш сте сметале дека вежбањето за вас е само мачно, зачинете го и со некои други „интересни“ активности – „разбудете ја вашата сензуалност“!

Како да ја разбудите сензуалноста и да им станете попривлечни на другите, а и на себе, прашавме стручњаци…

И никако не обесхрабрувајте се! Ако мислевте дека нешто едноставно не е можно, побарајте инспирација во нашата тема на бројот, Анита Гибсон е борец што не признава невозможно!

„Победата не е само во тоа како да се преживее туку како да се живее?!“ – Aнита Гибсон, специјалист за дислексија и неурофидбек

Некогаш најголемиот тест доаѓа во форма на справување со застрашувачки дијагнози, кои се закана за нас или за нашите најблиски, или можеби и двете…Пред шест години животниот мир и среќа на Анита Гибсон биле разнишани од сознанието дека нејзината млада ќерка Ребека заболела од малигнен лимфом, а само три години подоцна и самата добила дијагноза – канцер на дојка. Трнливиот пат пред неа поставил илјадници прашања за оваа болест, поради што таа решила да бара одговори… Потрагата по одговори ја довела до уште поголеми прашања за болеста итретманите, но овој пат таа решила да ги постави НАЈГЛАСНО!

Разговаравме и со Владимир Четкар, кој ни откри дека без разлика дали професијата налага постојано движење, љубовта може да се пронајде и задржи доколку се сака.

„Колку и да планираме однапред, никогаш не знаеме каде ќе нè однесе животот, па затоа мора да бидеме подготвени за импровизирање.“

А во откриваме зошто „Дупер“ се за нас толку СУПЕР!

А помеѓу сите позитивни пораки и примери, заменик-уредничката Марија Лукаревска размислуваше и на тема дали сечие срце крие мрачна страна, која го предизвикува човекот да постапува неморално и лошо или сите сме само добри луѓе…

„Повеќето луѓе за себе би рекле дека се генерално добри, со некои мали исклучоци кога…. случајно им се ’испуштил’ некој непријатен трач за колешката што им е конкуренција и воопшто ’не се чувствувале добро’…“

 

Уживајте и во нашите страници посветени на убавината, здравјето, негата, жешките новитети и трендови…. Уживајте и во нашиот заеднички нов проект – да се придвижиме и во секој најмал резултат што доаѓа од него. Пишувајте ни како ви оди, побарајте помош и поддршка од нас, побарајте форум за поддршка на www.ubavinaizdravje.mk, тука сме за вас!

 

Ваша Ј,

#онаштонавистинаеважно

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време