Долго топло лето: Во продажба е новиот број на „Убавина и здравје“

Еве што ќе читате во него

Драги наши, во августовскиот број на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“, кое можете да го побарате на продажните места низ републикава, создадовме приказни со надеж дека ќе бидат дополнение на еден ваш прекрасен ден на плажа или на убавите мигови што ги чувате само за себе дома.

Лето како лето, кој за што, муабетите се на тема за работа или за плажа, има и понекоја свадба, зависи од возраста и од актуелностите што си доаѓаат врзани за одредени декади. Кај нас, на пример, нема свадби, се држиме до другите летни теми.

Во продолжение ви претставуваме само дел од нив:

Петар Грашо: Зависник од македонската кујна

 

Секогаш сакам да дојдам во Македонија, ги сакам Македонците, ги сакам храната, амбиентот, срцето, музиката. Сакам сѐ! По природа сум голем гурман, а од вашата храна најслаб сум на ајварот и гравот. Тука е и вашата скара, па пиперките, доматите, пинџурите… Сѐ што е зготвено во Македонија е вкусно, прсти да излижеш, што би се рекло.“

У&З-колумна: Марија Лукаревска – Убиец на љубовта

Егото е причината за сите разговори што никогаш не се случиле.“

Бикини-зоната е новата Т-зона! Колку внимание ѝ посветувате?

Иако надминавме многу табуа, негата на интимната зона како и понатаму да е обвиена со велот на срамот. Голем број жени сè уште не ѝ посветуваат доволно внимание на оваа област, па искрено се надеваме дека нашите насоки ќе доведат до прогрес на ова поле.

У&З-едиторијал: Златна девојка

Златото се врати на голема врата како моден тренд! Магијата на овој благороден метал, камењата и имагинацијата проткаена во парчињата накит на „Адор голд“ нѐ освоија од прва! Ви претставуваме само мал дел од новата колекција…

Фото: Александар Велов
Стајлинг и шминка: Лидија Перчинкова
Фризура: Владимир Трајковски
Модел: Лила Филиповска
Локација: хотел „Next Door Park“ (www.phg.com.mk)

Биди своја и не се занесувај!

Нејзината професија звучи возбудливо и гламурозно, особено затоа што ѝ припаѓа само нејзе. Неа ја канат на дел од најголемите светски модни случувања, но таа не заборава на домашните дизајнери. Модната новинарка Анастасија Богдановска сподели дел од своите искуства.

ФИТНЕС: Летни спортови на отворено

Важно е да излезете надвор, да се придвижите, да ја забрзате срцевата акција и да ги поттикнете циркулацијата и метаболизмот. Како ќе го направите тоа, одлучете сами!

 

Дали ранливоста е новата сила?

Во вашето деловно или семејно опкружување една од пет личности спаѓа во „ранливите“. Или можеби тоа сте вие? Како да ја надминеме емоционалната пречувствителност, но и да ги откриеме нејзините добри страни – бидејќи постојат…

Статус: Комплицирано е!
Врските без обврски би требало да бидат скроени според нашите потреби и да ни даваат слобода да ги правиме нештата на свој начин. Некои се такви, но понекогаш нештата се комплицираат…

У&З-травел: Магијата на прекуокеанските дестинации

Најпопуларните дестинации за летен одмор, како Грција и Турција, се одличен избор, но нема ништо лошо во тоа понекогаш да сонуваме на големо. Овој пат ве носиме на возбудлива авантура! Травел-блогерот Антонио Милошевски ни ги откри егзотичните тајни на Сингапур, Токио, Мјанмар, Краби и Сејшели.

У&З-гастро: ОВОШЈЕ И МРАЗ

Летните десерти на база на сезонско овошје ќе внесат радост во жешките денови. Не само што ќе ве освежат туку и ќе уживате во нивното приготвување.

У&З-уредување на домот: Сон на летната ноќ

Внесете морска свежина во катчето резервирано за релаксација…

За сето ова, но и многу повеќе, можете да читате во новиот број на „Убавина и здравје“! И, секако, да не ја заборавиме и нашата У&З-лавина од подароци, кои ги обезбедија нашите добри пријатели специјално за вас!

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

На насловната страница: Лила Филиповска Фотографија: Александар Велов Накит: Адор Голд Стајлинг: Лидија Перчинкова Фризура: Владимир Трајковски

Фото: Александар Велов, Марио Поје, Guliver/Getty Images, ΠΡ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.