Деветти месец

...идеална симболика што се совпаѓа со времето потребно за едно бебе да дојде кај една мајка, кај еден татко, кај едно семејство.

Ноември го добил своето име по бројот девет, на латински новем, затоа што според некогашниот романски календар бил деветтиот месец во годината. Идеална симболика што се совпаѓа со времето потребно за едно бебе да дојде кај една мајка, кај еден татко, кај едно семејство. Па што ако овој ноември и ние си го третираме како деветти месец? Ете така – ионака, овој пат ноември повеќе наликува на септември…

А кога сме кај прашањата, но #ониештосенавистинаважни – што кога ќе дојдат пет деца во животот на една мајка? Денес навистина ретко искуство во современото опкружување, но заинтригирани од таквата одлука на една модерна и современа жена, ви го обезбедивме во нашата приказна од насловната. Дали жената може да биде мајка на повеќе деца без да се запостави себеси?

„Како и на секоја друга жена, така и моето, е најнормално женско тело кое е подложно на промени низ животот и годините.“

 

Мелина Милески е доказ дека жените би можеле сè, да родат 5 деца од кои две во своите
40-ти години и истовремено да водат успешен бизнис! За нас беше инспиративно да слушнеме како се одгледуваат повеќе деца, без да се запостават кариерата и негуваниот изглед, а веруваме дека и вие ќе пронајдете инспирација од искрениот разговор, кој го водеше со нас…

Воопшто, темата на бројот овој ноември се жената и семејството, како и нејзините стратегии да биде успешна и исполнета на тој план, но и стратегиите за одржување на убавиот изглед, бидејќи семејната жена, денес, не мора да се жртвува и да се загуби себеси, занемарувајќи ги своите потреби, занемарувајќи го својот изглед. Затоа разговаравме и со Стојна Костовска, дамата, која и во седмата деценија изгледа младешки со посебен моден стил, според неа „човекот е создаден да има семејство“ и никогаш не треба да се жртвува смејството поради кариерата.

Мајчинството би можело да биде најдобрата промена во животот на една успешна млада жена. Славица Арсова-Спасовски не ѝ дозволува на динамичната професија да ја попречи во остварувањето на семејните обврски и самоуверено ги прифаќа сите предизвици што ѝ ги носи работата, но и мајчинството…

Не го заборавивме ниту уникатниот однос мајка-ќерка, кој често го обележува животот на посебен начин. Затоа ги прашавме и Татјана Алексиќ, Ана Стојановска и Нина Лековска кои се лекциите што (не) ги научиле од својата мајка.

 

Но што кога мајчинството не е само прашање на одлука? Што кога патот до обезбедувањето потомство е трнлив, а процесот се претвора во проект што трае со години?

Помеѓу останатите инспиративни жени, кои посебно ги одбиравме и за овој број на магазинот, ви обезбедивме и вистински тајни за негата кои даваат резултати: Елена Велевска, Светлана Црнокрак, Јелена Томашевиќ и Надица Георгиева ни го открија нивниот клуч за младешки изглед.

Сите стручњаци советуваат „битката“ со знаците на стареење треба да се почне навреме и да се спроведува правилно, па затоа во антиејџ-специјалот на NIVEA побарајте ја идеалната формула за нега според потребите на вашата кожа.

Но наспроти приказните на нашите познати дами, посакавме да ви покажеме дека секоја жена, без оглед дали има јавна професија или не, и без оглед на сите нејзини животни улоги и обврски,
може да изгледа негувано и убаво за да заблеска во својот полн сјај и сето она што го носи во себе. Магдалена Медичи ви открива професионални совети за да ги истакнете вашите бјути-адути.

На страниците за мода побарајте ја нашата визија за 4 стила во 4 различни декади од животот.

Помеѓу женските теми кои ги опфативме за да ги отсликаме аспектите на животот , кои ни беа предзвик за овој број,  ги вклучивме и женските пријателства. Марија Лукаревска размислуваше за тоа како и зошто од пријатели кои се „посебни поединци што го сочинуваат нашиот универзум и без кои не би се чувствувале целосно“ се претвораме во „совршени странци“.

„Иако на почетокот чувството е мачно и тешко, со текот на времето се помирувате со ситуацијата и продолжувате да живеете без уште еден пријател од низата пријатели за кои сте мислеле дека се вистински, но излегло поинаку.“

Но, покрај сите женски теми и приказни, ги вклучивме и нив, господата кои не инспирираа. Животниот стил на Владан Исмановски, кој самоуверено одбива да ги следи општествените правила, несомнено, ќе ве поттикне да уживате во животот и да го правите она што ве исполнува иако многумина таквиот живот би го оквалификувале како авантура. Па што има лошо во тоа?

На сцената ги забележавме младиот оперски пејач Иван Наумовски и Игор Станојоски, кој го освои книжевниот свет уште со својот прв роман „Гаргара“, а актуелниот „Диссомнии“ му го донесе „Рациновото признание“.

Уживајте во сето она што со многу љубов го подготвивме за вас!

Ако овој ноември за вас е од некои причини сив и безнадежен, сетете се дека не мора да биде така! На спротивната хемисфера од оваа наша Земјина топка во овие мигови сѐ раззеленува, заживува, расцутува, сезонски таму овој сив ноември е еквивалент на мај, а и кај нас годинава е слично!

Расцутете и вие тука – сѐ е можно!

На шарените страници ќе ги пронајдете и очекуваните совети за убавина, нега, стил, патувања, новитети…

Ваша Ј,

#онаштонавистинаеважно

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време