Августовската „Убавина и здравје“ пристигна на продажните места: „Свежина“!

Август е месецот во кој ни треба освежување! Затоа избравме за вас нешта што ќе ви обезбедат свежина, во сите форми.

Да почнеме од основниот поим за свежина во лето, а тоа е секако – водата. Освен пливањето и освежувањето во неа, истражувањата потврдуваат дека и прошетките покрај море може да ви обезбедат голем број здравствени и фитнес-придобивки (стр. 60).

Свежи се и рецептите на нашите блогери за храна, кои обезбедија идеи со кои ќе го вкусиме Медитеранот (стр. 82). Мразот е задолжителен во летните напивки, но што ако го употребуваме како терапија, токму за свежа кожа (стр. 36)? Но она на што веројатно нема да ви текне дека е дел од нашата листа на свежина е кислородот.

Дали знаете дека овој елемент е основното гориво за метаболизмот на клетките, но што кога дишењето не е толку едноставно како што предвидела природата? Откријте како дополнителниот кислород би можел да обезбеди свежина за умот и за целото тело (стр. 57).

Тема на бројот е болното минато, од кое мораме да исчекориме, а за тоа ни е потребна свежа перспектива (стр. 76). Токму со таа цел отворено зборувавме со модната инфлуенсерка Александра Шијаковска за најтешкиот предизвик што ѝ го постави животот (стр. 27).

И во целата оваа наша потрага по свежина, го направивме и она најважното за нас како магазин: освежување на рубриките, дизајнот, фокусот на темите. Уште повеќе, У&З жени што се храбри и самоуверени се дел од овој и броевите што следуваат.

Сара Јо (стр.19) е само една од нашите инспиративни жени што нѐ поттикнуваат низ своите приказни да ги надминеме бариерите и да не запираме пред целта. Нашата е да бидете задоволни од времето минато со „Убавина и здравје“.

Ве сакаме, 

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.

Во августовскиот број на „Убавина и здравје“ ќе читате:

У&З тренд

9 Инклузија во индустријата за убавина

10 Солен…сладолед?!

12 Најкадравата генерација досега

14 Рутина за убавина на Бела Хадид

16 Кои тренинзи согоруваат најмногу калории?

17 (Не)совршена барби

У&З жени

19 Сара Јо: Ги надминав бариерите

26 Александра Шијакоска: И ова ќе помине

30 У&З вести: Девојката со златни нозе

Убавина и стил

36 Мразот во служба на убавината

40 Школа за убавина: Стручни совети

44 Трендови на ноктите

47 Ана Серафимова: Што (не) сакам кај себе?

50 Едиторијал: Капење во сонцето

54 Летна авантура

56 Модна листа на Мартина Михајловска

Вити и здрави

57 Ода за О2

60 На отворено: Шетајте покрај море

62 Стапалата во фокус

64 Наука за исхраната: Лути или гладни?

У&З живот

69 Мојот таен остров

76 Исчекорете од минатото

82 Вкусот на Медитеранот

88 Чек-листа на Тамара Волческа

90 Коста Петров одговара на прашањето што ве прави среќни

Колумни

34 Марија Лукаревска: Екстроверти VS интроверти

 НА НАСЛОВНАТА: Сара Јовановиќ

ФОТО: Милиш Надаждин

Стајлинг: Весна Станковиќ

Шминка: Бојан Вукадинов

Фризура: Loft Parrucchieri by Маја Станишиќ

Локација: Базен T6 Limited

Костими за капење: Extreme Intimo

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.