15 години „Убавина&Здравје“ – благодариме! Во продажба е роденденскиот број

Забавни и возбудливи, па и толку многу исчекувани, особено во детската возраст, родендените се асоцијација за дружење, забава, насмевки, подароци… Но со оглед на тоа што секој роденден е нова нумеричка пресвртница поврзана со неминовното течење на времето, за некои луѓе роденденот знае да се претвори во застрашувачки фактор.

Можеби затоа што сметаме дека не сме постигнале важна цел досега или затоа што животот не ни е онаков каков што очекувавме да биде до возраста која треба да ја прославите или, едноставно, сметаме дека „губиме време“. Неретко, во одредени години се појавува и стравот од стареење во заднина секогаш кога ќе дојде нов роденден…

Стручњаците советуваат да одвоиме време за роденденот за да се фокусираме на позитивните страни во нашите животи и за што сме вистински благодарни и повторно да ги анализираме сопствените животни навики.

Со секоја година од животот природно се доближуваме кон мудроста, а мудрите луѓе укажуваат дека проблемот на незадоволството неретко лежи во нашите очекувања и дека токму очекувањата се причина за разочарувања.

Зошто да се ограничиме со дефинирано очекување од животот кога на сите ни е позната убавината на неочекуваната среќа?

Не заборавајте дека со раѓањето влеговме во светот на можности и сѐ уште на располагање имаме многу можности, можеби се поинакви од оние по кои жалиме, но се можности кои не треба да испуштиме да ги видиме.

 

И ние во редакцијата ако ги анализираме овие за нас многу важни јубилеи: 15 години „Убавина и здравје“ и 10 години www.ubavinaizdravje.mk и би можеле да кажеме дека сме горди на успехот што го постигнавме и на приказната што заедно ја пишуваме, но истовремено сме и искрено благодарни.

Ви благодариме за секој купен број во изминатите 15 години, за секоја прочитана вест на нашиот веб-портал, благодариме и за секој клик и лајк на нашите социјални мрежи, за секоја убав коментар, поддршка и соработка, која успешно сме ја оствариле или макар сме се обиделе во тоа. Ние си посакуваме уште многу големи јубилеи и задоволни читатели и соработници, посакајте ни и вие убави желби!

Ве сакаме, Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.

На насловната страница: Ангела Ѓоргиева и Лиам за Fashion Group – WOMEN’SECRET

Фотограф: Антонио Станков

Шминка и фризура: Милена Косиќ Студио

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.