Тестирајте ја својата ментална старост: Колку кучиња гледате на сликата?

Загатка што стана хит на социјалните мрежи

Колку кучиња гледате на следната слика?

Доколку гледате 4 кучиња, вашата ментална старост е помеѓу 20 и 25 години. Вие сте уметнички и литерарен тип на личност. Сакате да ги гледате работите од свежа перспектива и често посетувате концерти и промоции на книги. Бучната околина не ви одговара, а сакате со едноставни мисли да го одржувате млад својот мозок.

Ако гледате 5 кучиња, вашиот мозок е стар помеѓу 25 и 30 години. Вие сте олицетворение на едноставноста. Не сакате да ги комплицирате работите без разлика дали станува збор за љубовен однос или за едноставни работи како вечера. Вашиот друштвен круг е мал, па мали се и шансите да се најдете во некоја неприлика.

Ако гледате 6 кучиња, вашиот ум е стар помеѓу 30 и 40 години. Вие сте по малку старомодни и внимателни, но и личност на која многу луѓе можат да ѝ се доверат. Пријателите често бараат совети од вас бидејќи ве сметаат за зрели и стабилни. Не сте упадливи и сте многу приземни.

Ако гледате 7 кучиња, вие сте буквално дете. Многу сте наивни, но во истовреме и едноставни и љубезни, баш како и децата.

Извор: Точка.мк

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.