ТЕСТ: Запознајте се… ПОВТОРНО!

Проверете колку сте навистина блиски

Чекорете низ животот сигурни дека ги делите љубовта, среќата, брачните, семејни и животни проблеми, па и постелата со вистинската личност

Луѓето се менуваат со тек на времето, посебно кога се доближуваат до триесеттите години. Затоа, во почеток на врската, веројатно е подобро да ја запознаеме личноста на партнерот во таа фаза од животот.

Еден од основните фактори за раскинување е отстапувањето од првичната слика за партнерот.

Затоа, заедно решете го нашиот тест и проверете колку сте навистина блиски, а потоа откријте кој е најдобриот начин повторно да се запознаете еден со друг.

 Почнуваме…

Прво искрено одговорете на следниве прашања

  1. Како тој/таа замислува едно идеално излегување?
  2. Наведете три места што тој/таа би сакал/сакала да ги посети.
  3. Кој е неговиот/нејзиниот најголем животен сон?
  4. Неговиот/нејзиниот омилен филм е…
  5. Што е најголем предизвикувач на стрес за него/неа?
  6. За што тој/таа најмногу се кае во животот?
  7. Што е највредното што тој/таа го поседува?
  8. Неговиот/нејзиниот најтажен настан во животот…
  9. Опишете го идеалниот дом за него/неа.
  10. Кој најмногу го смее вашиот партнер?

Сега еден на друг дајте си три поени за секој точен одговор, а потоа споредете ги и анализирајте ги резултатите.

Од 0 до 20: Дали вие двајца воопшто сте се сретнале

Овој резултат сфатете го како повик за будење. Ако толку малку знаете за партнерот, за што зборувате? И двајцата под итно мора да почнете да разговарате, и што е поважно, да се слушате. Малку луѓе се внимателни слушатели, особено ако мислат дека добро го познаваат соговорникот.

Во почеток, замолчете и дозволете му на партнерот да зборува. Ќе бидете изненадени од она што ќе го слушнете. Исклучете го телевизорот и фокусирајте се еден на друг. Двојките што се трудат што повеќе да ја запознаат другата страна обично се изненадуваат од позитивниот ефект од комуникацијата во врската.

Од 21 до 40:

Преземете иницијатива

Можеби знаете дека вашиот партнер сака еден ден да започне приватен бизнис или да отпатува на егзотичен одмор, но што е со подлабоките нешта? Кога ќе дознаете што ве плаши и загрижува, тогаш ќе успеете со партнерот да се поврзете на повисоко ниво.

Искрен и отворен разговор за најдлабоките чувства ќе ви овозможи заеднички да барате решенија, што е одличен начин за градење на ставот „ние сами против целиот свет“, кој на секоја двојка ѝ овозможува чувство на цврста заедница.

Откријте му на партнерот што ве загрижува, а потоа ислушајте го и него.

Од 41 до 60:

Задржете ја отвореноста во комуникацијата

Моментално, вие сте на иста бранова должина, но погрижете се семејните обврски, работата и грижата за децата да не ја нарушат вашата блискост. Продолжете да ги оживувате страста и динамиката од почетокот на врската, како и да одделувате време за заеднички активности и разговори.

И, не дозволувајте стресните теми, како што се работните проблеми или многубројните домашни обврски, да доминираат во вашите разговори.

Прашајте го партнерот за мислење за личните желби и сништа, и соопштете му ги своите. Ако спалната соба е единственото место каде што опуштено разговарате, тогаш така нека остане.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.