ТЕСТ: Што зборува вашиот изглед за вашето здравје?

РЕЗУЛТАТИ: забниот камен, кој се формира од масата бактерии во усната празнина, е основен причинител на воспаление на непцата (гингивитис). Кога ќе се појави воспаление, приливот на крвта во непцата се зголемува и поради тоа се појавуваат отеченост и црвенило. Меѓутоа, овој воспалителен процес не е ограничен само на усната празнина.

Несоодветната орална хигиена условува акумулирање штетни бактерии, кои може да се шират во организмот и да предизвикуваат чести воспаленија во телото, вклучувајќи ги и зглобовите, па дури и срцето.

РЕШЕНИЕ: освен миење на забите двапати на ден и стоматолошки преглед на секои шест месеци, секојдневното чистење на интерденталниот простор со забен конец е од круцијално значење за одржување на здравјето на непцата.

Наш предлог: паста за заби Forhans Puro Spicy Cannella (shop.depileve.mk).

Нокти

ТЕСТ: нанесете лак колку што можете поблиску до коренот на ноктот на палецот (изберете нијанса што ви се допаѓа, бидејќи ќе го носите долго време!). За да утврдите со какво темпо ви растат ноктите, не отстранувајте го лакот еден месец. Утврдено е дека здравите нокти растат околу 3,5 мм на месечно ниво.

РЕЗУЛТАТИ: бавен раст? Причина може да биде лошата циркулација. Заблуда е дека нотките мора „да дишат“ преку надворешната површина, како што тврдат оние што сметаат дека нанесувањето лак е штетно.

Ноктите се исхрануваат со кислород и хранливи состојки преку крвотокот. Здравствените состојби, како што е Рејноовиот синдром – кој се карактеризира со собирање на артериите при студ и стрес – нарушена функција на лимфниот систем, па дури и седентарниот начин на живот, може да придонесат за лоша циркулација.

РЕШЕНИЕ: движете се повеќе и редовно масирајте ги дланките – за стимулирање на циркулацијата. Повремено користете наменски третмани за зајакнување на ноктите и за спречување на нивното пукање и лупење.

Наш предлог: Nail Nurse Stronger Nail Base Coat Rimmel („Еликсир ексклузив“).

Коса

ТЕСТ: искоренете едно влакно зад увото (валканата од површинските слоеви на косата обично се оштетени од сонцето и термичкото обликување). Повлечете го од двата краја. Доколку пукне на должина помала од 3 см од коренот, тоа е показател на повисок степен на оштетеност на косата, која мора да се обнови.

РЕЗУЛТАТИ: кога сте под стрес, нивото на кортизолот расте, што ги троши резервите на Б12 (интересен податок: нашето тело го користи овој витамин за ублажување на последиците од прекумерното количество кортизол).

Но витаминот Б12 учествува и во создавањето на еритроцитите, кои овозможуваат исхрана на влакната со кислород. Ако значителни количества на овој витамин се пренасочуваат од влакната во поважните процеси за организмот, и тоа во подолг период, последица е слабеење и истенчување на косата.

РЕШЕНИЕ: контролирајте го нивото на кортизолот во организмот, што можете да остварите со мали корекции на животните навики. На пример, намалете го консумирањето шеќери и вежбајте со тегови трипати неделно. Исто така, зајакнете ги влакната со примена на соодветна маска, и тоа секоја недела.

Наш предлог: Revalid Repair Mask Nutri-Repair Treatment.

ТЕКСТ: НАТАША ЧОВИНОВСКА

ФОТО: GULIVER/GETTY IMAGES, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.