ТЕСТ: Дали за 10 години ќе бидете богати или сиромашни?

Одговорете искрено!

Овој тест може да ви помогне да одговорите на ова прашање и – ако е потребно – да ја смените својата финансиска иднина.

5. Како изгледа месечниот извод на вашата кредитна картичка?

а. Долгот е секогаш до 10% од одобрениот кредитен лимит.

б. Долгот е 30% од одобрениот лимит, понекогаш и нешто поголем.

в. Немам простор за нови задолжувања.

Факти: Кредитната картичка е одличен индикатор на вашите кредитни навики. Доколку владеете со своите финансии, и самите знаете дека овој кредитен производ не треба да се користи во голема мера.

Од друга страна, доколку во следниот период се одлучите за поголем кредит (за купување на сопствен дом или на автомобил), имајте предвид дека вашата кредитна историја во голема мера ќе повлијае врз одобрувањето на поголем кредит.

6. Размислувате за купување стан…

а. Ќе собирате средства колку што е потребно, а дотогаш ќе живеете како потстанар.

б. Станбен кредит е многу корисно решение.

в. Не размислувам во таа насока – тоа за мене е недостижно нешто.

Факти: Одлуката за купување сопствен дом спаѓа во категоријата на најзначајни животни одлуки и е показател на вашата финансиска зрелост.

Станбениот кредит можете да го набљудувате како вид штедење, бидејќи без разлика на камата што ќе ја плаќате, со месечно издвојување на средства станувате сопственик на стан или на куќа, кој има своја вредност и претставува дополнителна сигурност во подоцнежните години.

7. Потребно е во краток временски рок да соберете 1.000 евра. Дали е тоа изводливо?

а. Никаков проблем, ќе се послужите со заштедата од вашата сметка во банка.

б. Ќе се снајдете, но следните неколку месеци ќе мора да внимавате на вашите трошоци.

в. Не баш, освен ако не земете кредит.

Факти: Не се потребни големи истражувања за да дојдеме до заклучокот дека повеќето од нас ќе заокружи одговор под б или под в. Она за што би требало да размислиме е фактот дека токму оваа релативно мала цифра понекогаш може да нè исфрли од рамнотежа и да нè доведе до личен банкрот.

Непредвидените трошоци за лекување или за поправање на автомобилот се само некои од примерите што можат да ни се случат во секој миг. Затоа заштедете навреме за таа цел.

8. Замислете ја пензијата, дали и на кој начин се подготвувате за овој период?

а. Покрај редовните придонеси, уплаќам средства и за дополнителен пензиски фонд.

б. Покрај редовните придонеси, секој месец одделувам средства на штедната сметка во банка.

в. Трошам сè што заработувам, па и повеќе, користејќи ги кредитните производи.

Факти: Наједноставен модел да пресметате колку пари ќе ви бидат потребни во текот на првата година кога ќе заминете во пензија е 80% од износот на моменталната плата да го помножите со 12. Ќе видите дека износот не е мал и дека нема да можете да се потпрете исклучиво на пензискиот фонд доколку сакате да го задржите квалитетот на животот.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.