Одговорете на овие 10 прашања и ќе откриете дали вашата врска има иднина

Сакајќи да им помогнат на младите да го изберат најдобриот човек за себе, судиите и адвокатите составија список од 10 прашања насочени кон проверка дали сегашната врска има потенцијал за успешен брак.

  • Дали јас и мојот партнер сме добар пар?
  • Дали нашата љубов се заснова на вистинско пријателство?
  • Дали го гледаме најдоброто едни во други?
  • Дали се реални нашите очекувања?
  • Дали имаме заеднички цели во врската и животот?
  • Можеме ли да разговараме за проблематични теми?
  • Дали се обидуваме да ја одржиме врската забавна и интересна?
  • Дали и двајцата сме подготвени да дадеме сѐ од себе да поминеме заедно во тешки периоди?
  • Дали сме добар тим кога ќе се појават проблеми во врската и животот?
  • Дали и двајцата имаме поддршка од други важни луѓе во животот?

Оваа листа од десет прашања на кои треба да одговори секој пар е дел од студијата на Универзитетот во Ексетер, составена од двајца судии и десет адвокати или медијатори специјализирани за развод.

Тука спаѓа и баронесата Шеклтон (Фиона Сара Шеклтон), која се смета за најголем британски адвокат за развод, која ги застапува принцот Чарлс, Пол Макартни, Лиам Галагер и многу други ѕвезди во Велика Британија.

Списокот на прашања беше составен врз основа на интервјуа со експерти за развод, среќни брачни парови и разведени луѓе.

– Во мојата улога како професионален адвокат за развод со повеќе од 40 години искуство, можам да кажам дека повеќе од 50 проценти од луѓето кои ми приоѓаат за развод тврдат дека пред, или многу брзо во браковите, сфатиле дека тие се сосема различни од нивните партнери – објаснува Шеклтон.

– Како поранешен министер за образование, јас сум свесен дека, иако училиштето обезбедува различно образование за секс, дрога и алкохол, има малку или воопшто нема образование во врска со една од најважните одлуки во животот – како да изберете некој со кој ќе го споделувате вашиот живот и да ги воспитувате децата – вели Шеклтон.

Прочитајте и: Љубовта е тешка: Колку се дебелеат мажите, а колку жените во првата година од врската?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.