Контроверзен тест со дамки на Херман Роршах: Она што ќе го видите прво, ја открива најдлабоката страна на вашата личност!

Најпрецизниот тест

Кажете ни што прво гледате на сликата и ќе ви откриеме сè за вашата емоционална и психичка состојба

Роршаховиот тест го направил психијатарот Херман Роршах и се смета за еден од најпрецизните тестови на личноста. Со негово решавање се откриваат и најдлабоките слоеви на личности.

Се заснова на потсвесното размислување на пациентот и може да ја утврди неговата емоционална и психичка состојба. Пациентот би требало на свој начин да ја протолкува сликата и да ја објасни првата асоцијација.

Сконцентрирајте се, добро погледнете ја сликата и она што прво ќе го забележите, ќе ви открие сè за емоционалната и психичката фаза во која се наоѓате.

Ако гледате двајца луѓе

Во каква врска се луѓето што ги гледате на сликата? Решението лежи во вашиот фокус. Оваа слика исто така крие и сексуална конотација, па не би било чудно ако ви поттикне и такви мисли. Доколку главниот фокус ви е токму на сексот, најверојатно потсвесно сте окупирано со него.

Некој што го набљудува својот одраз во огледало

Личноста што се гледа во огледало сте вие самите. Какви чувства ви поттикнува сликата? Дали гледате многу крв? Крвта е поврзана со агресија и негативни емоции. Чувствата на личноста што се гледа себеси во огледало се всушност вашите емоции кои вие ги имате за себе.

Куче

Какви чувства имате кон кучињата? Кучето симболично го претставува вашето внатрешно битие, но и стравови. Доколку ви буди негативни емоции, можеби имате некои скриени стравови со кои би требало да се соочите.

Слон

Слоновите симболично претставуваат интелигенција и самодоверба. Какви чувства ви буди слонот? Позитивни или негативни? Оваа слика го открива токму она што го мислите за себе.

Мечка

Ако гледате ранета крвава мечка, најверојатно длабоко во себе носите прикриени емоции на тага. Многу сте чувствителни, имате благ темперамент и лековерни сте.

Двајца луѓе како се молат

Иако овој цртеж (како и повеќето други Роршахови дамки) поседува и сексуална конотација, кај вас очигледно е тесно поврзана со религијата. Доколку гледате и крв, религијата веројатно ја доживувате како пожртвуваност и страдање. Исто така, тоа значи дека во животните кризи, во голема мера се потпирате на молитвите.

Древен тест на Далај Лама: Овие 3 прашања ќе ја откријат суштината на вашата личност!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.