Вратете си ја сексуалната желба: 7 работи што ја убиваат страста во врската

Љубовта е најважното нешто во врската, но и страста игра важна улога

Едно истражување покажало дека уморот и стресот се најголемите виновници за намалување на сексуалната желба

Кога ќе исчезне страста, со текот на времето избледнува и љубовта, а веруваме дека никој од вас не го посакува тоа за себе и за партнерот. Ако сте забележале дека во вашата врска има сè помалку и помалку страст, можно е сами да сте виновни за тоа, односно некои ваши лоши навики и здравствени проблеми. Ова се седумте можни начини на кои ја убивате страста во врската…

Лоша исхрана

Ако сте на диета, можно е да не јадете доволно, што може да го намали сексуалниот нагон. Тоа е сосема логично, бидејќи намалениот внес на калории му дава помалку енергија на телото, па најверојатно нема да сакате да ја трошите на активности под чаршавите.

Недостаток на сон

И ова е сосема логично. Ако спиете помалку од шест часа дневно, навечер најверојатно ќе бидете поспадни и нема да ви биде дојдено до секс. Недостатокот на сон негативно влијае и на машкото либидо, бидејќи доаѓа до забавено лачење на тестостерон што ја намалува желбата за секс.

Контрацепциски пилули

Бројни истражувања за контрацепциските пилули покажале дека тие можат драстично да ја намалат сексуалната желба кај жените.

Прејадување

Ако сте склони кон прејадување навечер, тешко дека потоа ќе имате желба за секс, особено ако јадете храна полна со заситени масти која може да го намали протокот на крв во половите органи, што особено ги засега мажите.

Стрес

Едно истражување покажало дека уморот и стресот се главни виновници за намалената сексуална желба кај дури 60% од жените. Истата причина се споменува и за намалената сексуална желба кај мажите.

Депресија

Депресијата исто како и стресот, влијае негативно на многу животни аспекти, па така и на либидото, а докажано е дека некое антидепресиви се одговорни за сексуалната дисфункција кај мажите.

Анемија

Ако сте анемични, секако би требало да внесувате повеќе железо во организмот, а така ќе си ја вратите и желбата за секс.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време