Уште посилен оргазам: Има подобро место од „Г-точката“

Фото: Unsplash

Италијанските научници велат дека не постои едно специфично место кое служи како магично копче за активирање на сексуалното задоволство, бидејќи се смета за „Г-точка“. Тоа е всушност поголема ерогена зона која вклучува неколку различни органи, покажа нивната студија.

Оваа зона се нарекува „клиториутровагинален комплекс“ (CUV), термин кој го вклучува предниот дел на вагиналниот ѕид, уретрата, парауретралните жлезди и внатрешниот „корен“ на клиторисот.

Стимулирањето на овој регион не само што донесува сериозно задоволство, туку може да стимулира и вагинални оргазми кои со силно задоволство го пробиваат целото тело.

„Ултразвукот откри дека мастурбацијата на надворешниот клиторис ја активира циркулацијата на крвта само во клиторисот. Сепак, внатрешната стимулација при пенетрација може да ја активира циркулацијата на крвта во сите структури на CUV“, објасни д-р Емануел Џанини, професор на Универзитетот во Рим, Тор Вергата.

„Наместо да се фокусирате на едно мало место, едноставно фокусирајте се на предниот дел на вагиналниот ѕид. Влегувањето од позади (поза на куче) и жена на маж се најдобри пози во сексот што ќе ви помогнат да стигнете до таа област, иако варира за секоја жена“, додава д-р Џанини.

Д-р Џанини додава дека и употребата на прстите помага во тоа. Со вметнување на еден или два прста, дланката нагоре, се стимулира регионот CUV.

„Клиторисот е само мала точка на врвот на еден рид“

Со оваа теорија се согласуваат норвешките медицински научници, д-р Нина Брохман и Елен Штокен Дал. Тие веруваат дека клиторисот е „само мала точка на врвот на еден рид“.

„Една нова хипотеза вели дека Г-точката воопшто не е посебен орган или место, туку едноставно лежи длабоко во внатрешниот дел на клиторисот, кој се стимулира за време на сексот“, вели д-р Нина Брохман.

Таа додава дека сме воспитани да веруваме дека клиторисот, со големина на суво грозје, е место на целосно женско задоволство.

„Вистината е, всушност, тоа мало копче е само врв на ледениот брег, мал дел од големиот и извонредно чувствителен орган што се протега длабоко во карлицата на жената“, објаснува д-р Брохман.

Прочитајте и: 7 придобивки од оргазмот за вашето тело и ум

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.