Упс! Вашиот партнер го загубил интересот за секс

Без паника!

Вие сега сигурно панично се прашувате што да правите… Па прво престанете да се обвинувате себеси и обидете се да ја согледате ситуацијата од неговиот агол

Изгледа дека дојде време да се смени мислењето дека мажите посакуваат секс повеќе од жените. Најновите истражувања покажуваат дека 30 отсто мажи сакаат секс помалку од пред 10 години. Експертите велат дека економската криза и невработеноста се главните причини за опаѓање на либидото. Но еве што треба да направите доколку вашиот партнер повеќе не е заинтересиран за секс…

 1 Тој не е тип од ТВ-серијата „Мажите од Менхетен“

За време на 50-тите години на минатиот век, сексот за мажите беше основен вид блискост со жените. Но благодарение на појавата на новиот тип мажи, или „метросексуалци“, посилниот пол може да оствари интимност и на други начини, што значи дека сексот станува помалку важен фактор. Многу мажи денес ги прават среќни прегрнувањето и интимните разговори.

2 Поблизок е со троседот отколку со вас

Физичката активност е природна вијагра, бидејќи го забрзува протокот на крв. Правилната исхрана исто така може да го поттикне неговото либидо. Комплексот Б-витамини, кој се наоѓа во интегрални житарки, јунешко, свинско и пилешко месо и во јајца, може многу да помогне.

3Тој веќе нема осумнаесет години

Заборавете го стереотипот на ненаситни средновечни мажи. Машкиот пол својот врв на сексуалната функција го постигнува на 18-годишна возраст, а потоа следува бавно опаѓање на капацитетот за ерекција и за ејакулација. Жените се разликуваат од мажите, бидејќи нивното слабеење на сексуалната моќ е мнооогу побавно. Жената може да доживее оргазам и по 50-та година од животот, а се продолжува само времето потребно да го постигне.

4 Се чувствува несигурно

Во организмот на мажите има 40% повеќе тестостерон, па затоа нивната сексуална желба е посилна отколку кај жените. Меѓутоа, неуспесите во работата, чувството на вина поради испиената  чашка повеќе, или поразот на омилениот фудбалски тим можат да ја загрозат неговата машка самосвест. Всушност 32 отсто мажи велат дека дебелеењето ја нарушува нивната самодоверба. Затоа, избегнувајте ги класичните игри на заведување за да не вршите притисок на него, дајте му простор и бидете трпеливи.

5 Тој не умее да чита мисли

Размислете и сами, како тој би знаел дека сакате секс ако не му кажете? Можеби вашите сексуални потреби се разликуваат, па слободно кажете му дека ви недостасува физичка блискост, дека сте загрижени за вашата врска и иницирајте разговор.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.