Спиела со пола Њујорк, но со сопругот чекала до првата брачна ноќ: Познатиот модел искрено за бракот!

Без влакна на јазикот!

Го запознала сопругот во црква кога имала 21 година и тогаш ѝ се чинело дека пребрзо „се дава“, па со него одлучила да почека

Една од најпознатите манекенки со прекумерна тежина, Ешли Греам, дала детално интервју магазинот „Ел“ во кое сосема искрено проговорела за својот брак, сексот и за тоа зошто одлучила да не спие со сопругот Џастин Ервин додека не се венчаат.

https://www.instagram.com/p/Bq6bqC8gjdy/?utm_source=ig_embed

Го запознала сопругот во црква кога имала 21 година и открила дека тогаш ѝ се чинело дека пребрзо „се дава“, па одлучила да почека со него.

„Имам спиено со пола Њујорк, правев буквално сè“, открила Греам.

https://www.instagram.com/p/BpOFMUrgdu-/?utm_source=ig_embed

Вели дека тоа што не избрзале со сексот ја продлабочило нивната врска.

„Ни го продлабочи пријателството и ни ја подобри комуникацијата. Секако дека чувствувавме неверојатна сексуална привлечност, лудо се бакнувавме. Не се плашев дали сексот со него ќе биде добар. Беше посилно од тоа дали му верувам и дали сакам да бидам со него до крајот на животот“, признала таа.

https://www.instagram.com/p/Bk3kS18HHYx/?utm_source=ig_embed

Затоа, пак, воопшто не се штедат во бракот. Таа тврди дека тајната на добриот брак е честиот секс.

„Само имајте секс! Постојано имајте секс, дури и ако ве мрзи. Сфатив дека стануваме безобразни ако немаме секс, но кога сме сексуално активни, тогаш не можеме да се одвоиме еден од друг. За нас доволно е само: ‘Ајде да имаме секс’“, изјавила Ешли.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.