Сите лоши страни на сексуалната апстиненција

Бидете внимателни

Фото: Unsplash

Иако сите имаат периоди на сексуална апстиненција, не е исто доброволно да се откажете од секс (целибат), односно никогаш да немате секс, или да имате редовен секс, а потоа да не практикувате долго време.

Покрај психолошките последици како што се летаргија и депресија, подолг период на апстиненција од сексуален однос може да предизвика и сериозни физички проблеми. Сексуалната апстиненција е многу индивидуална работа и варира во зависност од интензитетот на либидото на една личност, сепак – денес ви носиме неколку општи проблеми на сексуална апстиненција:

Поголем стрес

За време на сексот, телото испушта допамин, серотонин и окситоцин, кои се познати како хормони на среќата. Напливот на овие хормони, кои се возбудени од бакнување, галење и особено оргазам, ни помага да се опуштиме. За среќа, мастурбацијата има сличен ефект како сексот, така што можете да си помогнете сами. Вежбањето исто така го зголемува нивото на овие хормони во организмот.

Послаб имунитет

Многу студии покажуваат дека оргазмот може да го зајакне имунитетниот систем.

Проблеми со спиење и мемориј

Серотонинот помага во регулирање на спиењето и поради тоа понекогаш се чувствувате многу поспано после сексот. Покрај тоа, ја подобрува можноста за учење, запомнување и варење.

Сексуалната апстиненција може да ги создаде овие проблеми во телото:

Вагиналниот ѕид станува потенок

Ако немате секс неколку месеци, вагината нема да се промени целосно, но подолг период на апстиненција може да предизвика промена.

– Сексот предизвикува зголемен проток на крв во вагината и природно подмачкување, што значи дека подолг период без секс може да доведе до вагиналното ткиво да стане помалку влажно и да се ослабува. Сепак, ова е поретко кај млади и здрави жени, а почесто кај жени кои поминале низ менопауза.

Поголем ризик од еректилна дисфункција 

Експертите предупредуваат дека мажите (особено постарите) кои немаат редовен сексуален однос имаат зголемен ризик од еректилна дисфункција. Редовната ејакулација го намалува ризикот од развој на рак на простата, го намалува стресот и го одржува клеточниот метаболизам со постојана брзина.

Чувство на изолација

За оние кои се навикнати на редовен секс, ненадејниот прекин би можел да предизвика и ментални проблеми. Особено ако инаку имате силен сексуален нагон, долго време без секс би можело да предизвика голема фрустрација. Луѓето со високо либидо за време на периодот без секс можат да имаат ментални проблеми. Не само што станува збор за физичко задоволство, туку се чувствувате повеќе психички поврзани со другата личност – велат психолозите.

Прочитајте и: Во овие десет земји луѓето имаат најмногу секс: Еве кој го зазеде првото место

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.