Сексот по 40-те години повеќе не е ист: Еве кои 5 промени се неизбежни!

Сексуални односи

Прочитајте кои промени во сексуалниот живот се случуваат во 40-те години

Кога ќе запловиме во 40-те години, неизбежни се хормонските промени.

Со промените во телото и во расположението, се менува и сексуалниот живот. Прочитајте како…

Имате помалку волја за секс

Кога ќе зачекориме во 40-те полека почнуваат да се менуваат хормоните. А тоа може да доведе до намалена желба за секс кај жените. Исто така, може да се случи на жените да им треба повеќе време за да бидат подготвени за секс, односно да страдаат од сувост на вагината. Тој притисок може да се намали со помош на лубриканти. Исто така, разговорот со партнерот помага за да почнете повторно да уживате во сексот.

Многу потешко е да се забремени

Колку постара е жената, толку повеќе опаѓа квалитетот и количината на јајце-клетки, па потешко е да забремени.

Почесто ќе доживувате оргазам

Мит е дека жените во зрелите години не можат да доживеат оргазам. Имено, жените со текот на годините имаат повеќе искуство и самодоверба. Поотворени се и повеќе уживаат во сексуалниот чин. Токму тоа се причините зошто жените во 40-те значително полесно доживуваат оргазам за разлика од порано.

Мажите можат подолго да одложуваат оргазам

Како кај жените, така и кај мажите со текот на годините се менува нивото на хормони. Тоа доведува до тоа тие подолго да можат да го одложуваат оргазмот и поинтензивно да уживаат во сексот. На тој начин ќе имаат повеќе време за партнерката, а со тоа поголема е веројатноста и за заеднички оргазам.

Ќе најдете нови начини да се забавувате во кревет

Ако не ви оди во кревет како порано, тоа е можноста да воведете некои новитети во сексот. Со испробувањето нови работи, ќе имате повеќе нови возбудливи доживувања.

Дали редовниот сексуален однос може да ја одложи менопаузата?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.