Секси-дерби: Слободни VS женети мажи?

Што сакаат во креветот?

Еве што велат мажите од двете страни на „љубовниот фронт“ дека навистина сакаат во креветот…

СЛОБОДНИОТ МАЖ 

Што најмногу сака?

Да им се посветува внимание на деталите. Ако штотуку се запознаваме, еден совет: грбот на секој маж е најчувствителен на допир.

Во оралниот секс, тој сака…

Повеќе, ве молиме! Искуството покажа дека жените престанале да се впуштаат во оваа активност. Значи, дами, време е повторно да се активирате!

Носете…

Мојата кошула наместо наметка при станување од креветот, која подоцна ќе ја облечам и цел ден ќе ја мирисам.

Преземете ја контролата над…

Инструкциите. Тогаш ќе знам што точно треба да правам, а што не. Бидете гласни – ако добијам потврда дека нешто добро правам, следниот пат ќе бидам уште подобар.

Местото на кое сака да го прави тоа…

Во вашата канцеларија. Да се прашував јас, досега ќе водевме љубов и на моето работно место.

 ЖЕНЕТ МАЖ 

Што најмногу сака?

Смирување во кревет – најдобро по жестока караница!

Во оралниот секс, тој сака…

Да го правите тоа со истиот ентузијазам како и првиот пат кога водевте љубов. Присетете се на тоа чувство. Тоа не се заборава!

Носете…

Нешто посекси од стара маица и широк шорц/тренерки. Ветувам дека и јас ќе го подобрам личниот стил.

Преземете ја контролата над…

Изненадувањата. Имајте фантазија, осмислете некое секси-сценарио и дајте ми насоки како да го одиграм мојот дел од улогата.

Местото на кое сака да го прави тоа…

Повремено и таму каде што не живееме, каде што ги плаќаме сметките, переме алишта и јадеме.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.