Секс во вода – романтика од филмовите или ризик за здравјето? Еве што треба да знаете пред да влезете во море

А вие што мислите – секс во море е најромантичната летна фантазија или нешто што е подобро да остане само во филмовите?

Многу парови фантазираат за интимност во морето, но експертите предупредуваат дека солената вода, бактериите, недостатокот на лубрикација и заштитата се фактори кои не треба да се игнорираат.

Летото, сонцето и морето често ја будат желбата за авантура, а сексот во вода е една од најчестите фантазии за време на одморите. Сцените од филмовите изгледаат романтично, но реалноста е малку поинаква – морето не е стерилна средина, а интимниот однос во вода може да носи одредени ризици.

Иако солената вода сама по себе не предизвикува сексуално преносливи инфекции, контактот со микроорганизми присутни во водата, особено ако постојат мали повреди или иритации, може да го зголеми ризикот од инфекции. Во топлите месеци, одредени бактерии полесно се размножуваат во топли крајбрежни води, а здравствените експерти советуваат внимание при пливање со отворени рани или оштетена кожа.

Друг проблем е што водата ја намалува природната влажност и може да предизвика триење и непријатност. Кај некои луѓе тоа може да доведе до иритации или зголемен ризик од уринарни инфекции. Дополнително, сексот во море не е секогаш најбезбедно место за заштита – кондомите можат да бидат користени, но водата може да влијае на нивното правилно поставување и стабилност, па ризикот од лизгање или оштетување не треба да се занемари.

Што велат стручните лица? Ако некој сепак одлучи за вакво искуство, важно е да се размислува за заштита, хигиена и безбедност. Кондомите остануваат една од најважните мерки за намалување на ризикот од сексуално преносливи инфекции и несакана бременост кога се користат правилно и доследно.

Сепак, најголемиот „проблем“ со сексот во море можеби е практичниот дел – песокот, брановите, љубопитните погледи и непредвидливите ситуации. За некои е незаборавна летна авантура, за други непријатно искуство.

А вие што мислите – секс во море е најромантичната летна фантазија или нешто што е подобро да остане само во филмовите?

pexels- Asad Photo Maldives

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе