Секс наместо тренинг? Еве колку калории можете да потрошите за само половина час

Според експертите, клучот за трошење што повеќе калории е да се направи сексот што е можно подолг и страстен, а исто така откриле и како тоа да се постигне.

Допирите, бакнувањето и сексот докажано се одлични за нашето здравје – психолошки, емоционално, но и физички. Срцевиот ритам се зголемува, телото многу се поти и автоматски троши одреден број калории. По бројни студии, експертите откриле точно колку калории троши одредена „љубовна“ активност.

Бакнувањето ве приближува до партнерот, но исто така слабеете. Еден час нон-стоп бакнување ќе потроши 68 калории. „Ако има и допирање, може да достигнете до 90 калории“, вели Хаија Кинзбах, сексолог од Лос Анџелес.

Малку пострасно бакнување додека се соблекувате, ќе го размрда вашето тело, а за само половина час можете да потрошите до 230 калории – тоа е исто како да сте во теретана! „Почнувате да дишете побрзо и срцето ви чука посилно, и затоа потрошувачката на калории е поголема“, рече Гилда Карл, психотерапевт.

Кога станува збор за сексот, најмногу трошите со орален – 100 за час. Тренерот Брук Мароне од Њујорк додава дека ќе постигнете подобар резултат ако се допрете едни со други и испробате некои нови пози.

Со пенетрација жените во просек трошат 69 калории за 25 минути, а мажите 31 повеќе. Според експертите, клучот за трошење што повеќе калории е да се направи сексот што е можно подолг и страствен. Ова може да го постигнете со офкање, промена на пози и бакнување.

Прочитајте и: Понекогаш тајно: Осум ритуали кои жените ги прават пред секс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.