Секс и сон: има некоја тајна врска

Фото: Guliver/Getty Images

Сосема е логично дека сме расположени за секс кога сме одморени, а не кога сме истоштени. Но дали знаете дека во заднината на врската меѓу сексот и сонот се крие комплексна физиологија?

Квалитетниот одмор го поттикнува лачењето одредени сексуални хормони, како што се андрогените и естрогенот, што го доведува организмот до состојба на возбуденост.

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген дошле до сознание дека, кога сме наспани, поинтензивно посакуваме секс, а тој веројатно ќе биде одличен. Не постои некоја магична цифра што ќе ни каже колку часа треба да одмораме – ако секој ден чувствуваме умор, тоа значи дека треба почесто да се релаксираме. Најинтересно е и тоа што важи и обратното: сексот има позитивно дејство врз сонот!

Според студијата на магазинот „Хелт“, секоја интимност, вклучувајќи го и сексот, го намалува стресот и ни олеснува да заспиеме.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.