Секс барем еднаш неделно е добар за…

Неверојатни придобивки

Фото: Unsplash

Колку често имате секс? Еве зошто би било добро тоа да биде барем еднаш неделно!

Не дека ви треба посебна причина да уживате во сексот со некој близок. Но, сега имате дополнителна причина – уживањето во секс барем еднаш неделно го намалува ризикот од рана смрт, покажаа истражувањата.

Научниците откриле дека редовниот сексуален однос го намалува ризикот од умирање од рак, срцеви и други болести.

Тие велат дека „дејството“ во кревет се смета за тренинг со умерен интензитет и дека има слични ефекти врз здравјето.

Истражувачите испитале нешто повеќе од 15.000 возрасни лица со просечна возраст од 39 години за нивниот сексуален живот и ги следеле следните 11 години.

Околу 72% од нив имале сексуална активност барем еднаш месечно, а околу 36% најмалку еднаш неделно.

За време на студијата, починале 228 учесници, вклучувајќи 29 од кардиоваскуларни заболувања и 62 од карцином.

Колку почесто учесниците во студијата имале секс, толку е помал ризикот од рана смрт, велат научниците од Универзитетот во Вашингтон.

Оние кои имаат секс најмалку еднаш неделно, имале 49 проценти помал ризик од смрт од која било причина, во споредба со оние кои имале секс еднаш годишно или помалку. Исто така, нивниот ризик од умирање од кардиоваскуларни заболувања е помал за 21 процент, нивниот ризик од умирање од карцином е помал за 69 проценти, а 48 проценти помал од која било друга причина.

За време на сексот, тие ослободуваат супстанции што ве прават да се чувствувате добро, го подобруваат менталното здравје и го поттикнуваат активирањето на клетките што го бранат телото од сите „напаѓачи“.

Прочитајте и: Сите лоши страни на сексуалната апстиненција

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.