Се согласив сопругот да донесе друга жена во нашиот кревет: Сега ме јаде љубомора!

Фото: Getty Images

Напиша една жена за колумната на Драго Деидра барајќи совет…

„И покрај тоа што се согласив да имам секс во тројка, се чувствувам како сопругот да ме изневери. Не можам да ја извадам од главата сликата на двајцата“, напиша очајната жена. Таа и нејзиниот сопруг се заедно девет години, пет од нив се во брак. Тој има 32, таа 30 години. Тие исто така имаат две деца, на возраст од седум и четири години.

„Пред пандемијата посетивме свингер-клубови, иако немавме секс со други. И тогаш неодамна дојде до идеја малку да го зачиниме сексуалниот живот, па затоа предложи секс во тројка со друга жена. Секако прифатив затоа што секогаш ме привлекувале жени“, напиша жената. Таа раскажа како друга жена дошла кај нив и по неколку шишиња вино отишле во спалната соба. Двете се забавувале додека нејзиниот сопруг гледаше сè од страна. Тогаш тој решил да им се придружи.

Љубомората ја „изеде“

„Почна да ме бакнува и да ме соблекува и сè беше во ред сè додека не започна да го прави истото на друга жена. Изгледаше многу страствено, тој беше во друг свет со неа. Потоа се налутив. Почна да има секс со неа, а мене само ме допираше. Се чувствував изоставено. Поминаа недели, не можам ниту да го погледнам. Би сакала да го вратам времето“, рече жената.

Деидра ја посоветува:

„Вклучувањето трета личност во секс е секогаш ризично, предизвикува силни емоции и љубомора. Често после тоа, човекот може да се чувствува лошо. Сексот во тројка е фантазија на многу парови, но во реалноста е чуден“. Таа истакна дека мора да му каже на сопругот како се чувствува и да ги изрази своите чувства. Само на овој начин може да го спаси бракот.

Прочитајте и: Разгорете го пламенот на страста во спалната соба со помош на фенг-шуи

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.