Постои и машки климакс: Да, добро прочитавте, но малку се зборува за него, а еве како изгледа!

Машкиот оргазам може да биде посложен и понекогаш потежок од женскиот, а зад него се крие многу повеќе отколку што на прв поглед се гледа.

Машкиот оргазам обично трае пократко, но интензитетот на телесните реакции е огромен – мускулите на карлицата се грчат, крвниот притисок и пулсот нагло се зголемуваат, а мозокот доживува силен бран на допамин. Меѓутоа, веднаш по тоа следува пад на енергијата.

Овој моментален „енергетски колапс“ е причината зошто многу мажи чувствуваат ненадејна исцрпеност, а понекогаш и меланхолија. Некои го опишуваат како мини-емоционален нокаут – момент кога телото „ги гаси светлата“, а мозокот останува празен.

Феноменот на посторгазмичка тага

Да, постои и тоа. Наука го нарекува „посткоитална дисфорија“ – чувство на тага, нервоза или празнина, кое ја погодува и машката и женската популација, но кај мажите може да биде поизразено.

Експертите објаснуваат дека причината лежи во ненадејниот пад на хормоните на среќа и ослободувањето на пролактинот – супстанција која ја „гаси“ возбудата и сигнализира крај на оргазмот. Со други зборови, мозокот во секунда преминува од екстаза во состојба на мирување.

Зошто малку се зборува за тоа

Мажите ретко зборуваат за емоциите по сексот. Културата ги учи дека климаксот е триумф, а не момент на ранливост. Сепак, се’ повеќе истражувања покажуваат дека овие посторгазмички реакции се нормални и дел од човечката психа.

Некои ги доживуваат како момент на интроспекција, други како привремена конфузија. Но едно е сигурно – машкиот оргазам не е само физички рефлекс. Тој е хемиски и емоционален „земјотрес“ што поминува низ целото тело.

Машкиот климакс не е „полесен“, едноставен или „помалку длабок“ – само за него се зборува помалку. Зад краткиот момент на задоволство стојат силни промени во телото и мозокот, кои понекогаш можат да бидат потешки отколку што изгледаат.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе