По сексот правeте ги овие работи и вашата врска ќе биде посилна

Секако, галењето по секс сигурно ќе ја зајакне вашата врска, но и некои мали промени можат да го сторат истото …

Ако одлучите да направите промени и изненадувања во вашата врска, сметајте на уште поголема страст, вели сексологот д-р Џес О’Рајли. Бидејќи луѓето секогаш ги привлекуваат новитети, можете да сметате на зголемена сексуална желба.

За да ги зголемите страстите и да се поврзете подобро со вашиот партнер по сексот, следете ги овие совети.

Почестете го вашиот партнер со масажа

Многу луѓе користат масажа за да дојдат до главниот чин што е можно поскоро, но исто така можете да постигнете силна интимност со масажа после секс. Тоа е можност за вашиот партнер да се чувствува посебно и сакано затоа што тој знае дека го правите тоа само за да му угодите.

Уживајте во храната

Кој вели дека треба да јадете вечера целосно облечени? Има нешто посебно кога храната се дели под чаршафот и може да ја однесе вашата интимност на следното ниво …

Читајте му на партнерот 

Сè повеќе парови потврдуваат дека споделувањето книги и читањето во парови помага во чувството на припадност и ја зајакнува врската. Исто така, имате заедничка тема за дискусија, и ова помага да се развие интимност во голем процент.

Вежбајте во пар

Студиите досега откриле дека паровите кои вежбаат заедно успеваат да ја одржат физичката подготвеност. Покрај тоа, партнерите кои вежбаат заедно, имаат и подобар сексуален живот.

Подгответе купка

Што претставува удобност повеќе од топла бања? Освен што ќе поминувате повеќе време со вашиот партнер, овие моменти ќе ви овозможат уште повеќе да се отворите и да се поврзете.

Бидете смели 

Јавете му се преку ден и кажете му дека имате „жешки“ фантазии за него. Опишете ги со многу секси детали. Исто така, во ред е да му кажете колку многу секси е тој за вас.

Прославете ја вашата љубов 

Направете нешто симболично за да ја „обележите“ вашата љубов. На пример, составете постер со споделени фотографии за ѕидот или изберете компилација од „вашите“ заеднички песни заедно … И ова го одржува пламенот на љубовта жив.

Прочитајте и: Маратон или „на брзинка“: Колку време треба да трае идеалниот секс?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.