Овој проблем во креветот често ги погодува мажите…

Планиравте романтична вечер, заедно „скокнавте“ во кревет, почнавте да се гушкате и – ве заболе глава! Лекарите велат дека овој феномен воопшто не е невообичаен и дека повеќе влијае на еден пол.

Напнатоста и притисокот во мускулите на главата и вратот за време на водењето љубов може да доведат до силни главоболки, кои траат од неколку минути до цел час.

Претходните истражувања покажаа дека овие главоболки погодуваат околу еден процент од населението, но новите студии наведуваат дека овој процент е веројатно поголем. Тие се три до четири пати почести кај мажите, иако британски научници предупредуваат дека е можно бројката да е многу поголема затоа што многу мажи дури и не го пријавуваат за лекарски преглед.

Главоболките по водењето љубов, според тоа, не се невообичаени и не се опасни. Ако планирате да имате однос, и знаете дека сте склони кон тоа, може да земете благ аналгетик пред „дејството“.

Ако овие главоболки се многу чести и силни, сепак консултирајте се со доктор, особено ако е придружена со други симптоми како што се проблеми со видот, гадење или слични алармни знаци.

Прочитајте и: Како се менува либидото со возраста?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.