Оваа слика ќе ви го подобри љубовниот живот

Се гледаме во музеј или на концерт!

Фото: Pixabay

Во една понова студија истражувачите откриле дека набљудувањето уметнички дела кај луѓето предизвикува физиолошка возбуда каква што чувствуваат додека ја гледаат личноста што ги привлекува.

Додека испитаниците ги гледале делата на Моне или на Да Винчи, кај нив било забележано моментално подобрување на циркулацијата за 10 отсто, како и засилена активност во мозочните центри за задоволство.

Според една друга студија, посетувањето музеи, гледањето претстава, читањето поезија го креваат нивото на хормоните задолжени за чувство на среќа и имаат позитивно влијание врз здравјето.

Иако истражувачите не ја знаат вистинската причина за позитивното влијание на уметноста и на културата врз човековиот ум, сепак се сигурни дека учеството во таквите активности ги проширува видиците, ја поттикнува циркулацијата и го намалува нивото на штетниот кортизол.

Луѓето склони кон уметност, кои често гледаат уметнички дела, генерално се посреќни и позадоволни од својот сексуален живот.

Значи, се гледаме во музеј или на концерт!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.