Ова се вашите 5 сексуални права

Фото: Unsplash

Сега е 2021 г. и имате право на добар секс. Одличен секс. Секс каков што сакате, а не каков што се подразбира дека сакате.

1 Имам право на избор во сексот

Мислам на тоа дека сите имаме право на сексуална ориентација. Дали ќе ви се допаѓаат мажи или жени, тоа е апсолутно ваше право и ваша работа. Една моја познајничка се забавуваше со едно од најпопуларните момчиња во средно школо, но не затоа што таа сакаше така, туку затоа што околината го очекуваше тоа од неа. А на неа многу повеќе ѝ се допаѓаа девојките.

Значи, која е поентата? Немојте однапред да имате замислено што би требало да ви се допаѓа и како би требало да се однесувате во врската со партнерот. Бидете отворени за нови работи. Дознајте што навистина сакате и дајте си шанса да го остварите тоа.

2 Имам право на оргазам

Тоа е исто како кога со некого играте во дискотека, па тој некој ненадејно ќе отиде до шанкот. Вие си мислите: ќе се врати. Е па нема! Повеќето мажи не го сфаќаат тоа. Повеќето, реков.

Земајќи предвид дека денешната жена е многу независна и во поглед на својата сексуалност, на некои мажи тешко им паѓа прифаќањето на фактот дека нивната улога на снабдувачи во хетеросексуалните односи речиси изумира. Не е ни чудо што многу жени глуми оргазам само за да ја зачуваат машкоста на мажот, условно кажано. Иако оргазмот зависи од повеќе фактори, најважно е да најдете некој што ќе се труди да го постигнете.

3 Имам право да зборувам како порно-ѕвезда

Сексот е блесава работа – се соблекувате голи, се галите со некого, тука се потта и воздишките… Постојат неколку нешта што ни помагаат да заборавиме колку е смешно тоа – хормоните, страста, алкохолот, музиката и, се разбира, валканиот говор. Веројатно се плашите да употребувате валкани фрази за време на сексуалниот чин.

Сигурно си мислите дека вие не го можете тоа? Дека кога вие ќе изговорите такво нешто, не звучи секси? Сите мажи гледаат порно-филмови, без исклучоци, така што вашиот партнер нема да се изненади доколку слушне некоја реченица од омилениот филм. Дајте си оддишка и не плашете се да излезете од сигурната зона!

 4 Имам право да бидам покорна

Претпоставувам дека и вие се залагате за еднаквост на половите и дека не поддржувате насилство над жените. Меѓутоа, се изненадив кога во рамките на едно истражување наидов на податокот дека 65 отсто од жените понекогаш фантазираат за сексуален однос во кој му се потчинети на партнерот. Веројатно ќе кажете дека тоа е последица на патријархалното воспитување, но тоа не е точно.

Феминизмот подразбира и сексуална автономија и право на избор. Тоа значи дека и вие имате целосно право да водите љубов онака како што ви се допаѓа. Нема ништо лошо во тоа понекогаш да посакате малку погруб секс со својот партнер.

5 Имам право да бидам ванила во креветот

Од друга страна, имате право и да ја одбиете секс-играта што не ви се допаѓа. И да ги избегнете ситуациите во кои ви е непријатно. Мажите честопати мислат дека жените ги одбиваат нивните сексуални предлози од страв, меѓутоа – главно тоа не е така.

Да, важно е да уживаме во аналниот секс а притоа да не се грижиме дали е општествено прифатлив. Но од друга страна, мораме ли да практикуваме анален секс? Апсолутно не. Важно е само вие да знаете што ви се допаѓа и што ви претставува задоволство. Затоа, слободно нарачајте од секс-менито!

Текст: Ѓурѓа Станишева

Фото: Getty Images, Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.