Ова се петте најчести лаги што жените ги кажуваат за време на сексот

Жените имаат потреба да ставаат други луѓе пред себе, тоа е вродено за нив, а истото се случува и во сексот, тврди експертот.

Експертот за секс, Надија Бокоди, вели дека никогаш не запознала жена која не кажала барем една од најчести лаги во кревет – само за да му угоди на партнерот.

На прашањето зошто е тоа така, Надија одговара: „Жените имаат потреба да ставаат други луѓе пред себе, тоа е вродено за нив, а истото се случува и во сексот“.

Таа откри некои од најчестите женски лаги во спалната соба:

Глумење оргазам

Надија ги советува жените да не лажат за својата кулминација за да му угодат на својот партнер, иако секој тоа го сторил барем еднаш. „Многу жени користат лажен оргазам како „оружје“ за да се стави крај на лошиот секс. Затоа мажите се убедени дека нема жена која не успеале да ја задоволат“.

Лажење за големината на пенисот

Нормално е да сакате да му дадете на партнерот комплименти во кревет, но да му кажете дека неговиот пенис е многу голем, не е многу добра идеја. Експертот вели дека жените ја користат оваа тактика, особено со оние мажи кои имаат „синдром на мал пенис“, па затоа постојано бараат потврда.

Преправање дека немаат искуство

Некои жени, тврди Надија, се преправаат дека немаат многу искуство во кревет за да го подигнат егото на партнерот – дури и ако не му недостасува самодоверба.

Тајно задоволувајќи се со вибратор

Под изговор дека одат да мијат заби или да се истушираат, жените одат во тоалетот и го довршуваат односот со вибратор затоа што нивниот партнер не успеал да ги доведе во кулминација.

„Ниско либидо“

Кога не се заинтересирани за партнер и кога ќе сфатат дека тие всушност не ги привлекуваат, жените избегнуваат секс под изговор дека имаат мало либидо или желба за секс.

Прочитајте и: 3 најопасни секс-пози – за мажи…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.