Маратон или „на брзинка“: Колку време треба да трае идеалниот секс?

Надија Бокоди, експерт за секс и блогер, го постави вечното прашање – колку долго треба да трае сексот – и наиде на сосема различни одговори.

Додека таа беше со нејзиниот поранешен партнер, Надија и тој имаа разговор за тоа колку треба да трае сексот, имено таа беше задоволна од 20-те минути акција, а тој сакаше да трае со часови.

„После час и половина секс, му реков дека имав доволно секс таа вечер. Целовечерните сексуални маратони можеби беа нешто привлечни за мене кога имав 20-тина години, но по 30-та единствена подолга физичка активност со која може да се справи моето тело е кревање чипс до устата додека ја гледам Мари Кондо во пижами“, рече Надија.

Сепак, таа беше заинтересирана за прашањето, па истражуваше што велат научните студии.

Таа открила студија од 1948 година, истражувач за секс Алфред Кинси, во која било заклучено дека три четвртини од мажите доживуваат оргазам по само две минути. Сепак, се чини дека ситуацијата малку се подобрувала со текот на времето, па едно истражување од 2008 година открива дека просечниот сексуален однос трае помеѓу три и седум минути. Таа исто така пронашла студија од 2005 година во која се тврди дека времетраењето на сексот е од 33 секунди до скоро еден час, што всушност покажува дека не може да се понуди конкретен одговор на ова прашање.

„Интересно е што сите истражувања покажуваат дека на жените им треба подолго време за да доживеат оргазам со партнер, а повеќето мажи се оние кои би сакале сексот да трае подолго. Ова делумно може да се должи на влијанието на порнографијата. Истражувањата покажуваат дека најмалку една четвртина од младите на возраст од 18 до 24 години гледаат на порнографијата како форма на сексуално образование. И, ако го земеме предвид акцентот што порнографијата го става на долготрајна ерекција и маратонски секс, разбирливо е како мажите мислат дека не успеале доколку сексот не трае подолго од 10 минути“, рече таа.

На видеото неодамна објавено на ТикТок, жената праша колку треба да трае сексот. Таа рече дека разговарала со некои девојки кои ѝ рекле дека ако мажот не може да издржи еден час, подобро тој дури и да не се мачи. Тоа толку ја изненади што поради тоа објави видео на социјалната мрежа.

„Па, кој има толку секс? Само пенетрација? Еден час? Не, благодарам, 15 минути, најмногу 20. После тоа, не го сакам повеќе на мене“, рече таа во видеото.

Многумина се согласија со неа, но имаше и такви за кои маратоните се најнормална работа.

„Тажна сум за сите вас. Јас и мојот партнер сме заедно 20 години и нашиот секс трае со часови. Најмалку два или три часа и секогаш е одлично за нас“, напиша една жена во коментарите на видеото.

Поради сето ова, Надија заклучи дека всушност има само еден точен одговор на прашањето колку треба да трае сексот.

„Искрено, навистина нема нормално време на траење на сексот. За некои од нас, сексот трае цела ноќ, но многу луѓе претпочитаат да го прават тоа набрзина за да можат да се облечат во пижамите и да заспијат со својата омилена емисија на ТВ“, заклучи таа.

Прочитајте и: Запознајте се со правилото „6 минути“ за поголемо задоволство во сексот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.